
Пејачот Olly Murs на својот твитер профил ја објавил информацијата за оставката на Капело и додал дека негов фаворит за ова место е менаџерот на Тотнам , Хари Реднап. Murs во моментов има британска турнеја која започна минатат недела.
Иако пред извесно време Perry проба да го спаси својот брак и буквално го молеше Russell , сепак вчера неговиот адвокат ги поднел документите за развод и поради тоа разводот најрано ќе може да се реализира на 30 јуни.
Foo Fighters и Адел се натпреваруваат во 6 различни категории за што фронтменот изјави дека му е огромна чест и задоволство , притоа давајќи ги сите почести кон пејачката и нејзиниот албум 21.Пофалбите беа само надополнување на оние од минатиот месец кога тој изјави дека на музичката индустрија и требаат повеќе артисти како Адел. Тие на сцената ќе настапат заедно со Deadmau5.
Популарната серија Glee е позната по гостувањето на славните ѕвезди кои знаат да пее, така што во неа се појавија Бритни Спирс, Гвинет Палтроу и многу други, и сега дојде на ред еден секси маж. J Во улогата на професорот по шпански јазик, Дејвид Мартинез, се појави убавиот Рики Мартин.Рики ја воодушеви публиката, како со неговата актерски изведба така и со секси изгледот со кој жените и без оглед на тоа што е геј и понатаму го сакаат.Погледнете како Рики Мартин ја изведе песната Sexy and I know it.
Младата Лана Дел Реј деновиве е кралица на топ листите и медиумите.Таа буквално преку ноќ создаде армија фанови низ целиот свет преку саморекламирање на интернет и добар маркетинг. Ја споредуваат со многу познати личности, од Брижит Бардо до Дасти Спрингфилд, а секако најинтересен е прекарот гангстерска Ненси Синатра. Лана дефинитивно ги освои симпатиите на обожавателите со имиџот кој го негува, трагична дива од шеесетите, а и со интересниот стил на музика зад која стојат авторите на поголем дел на хитови на Роби Вилијамс, Адел, Дафи и Бјорк.
Адел вели дека е задоволна со својот изглед и дека не би ослабнала за ниеден маж на светот.
- Никогаш не сакав да изгледам како манекенките од списанијата. Јас ги претставувам поголемиот број на жени и се гордеам со тоа. Ги сакам своите облини и својот изглед. Се гордеам со своето тело - изјавила Адел.
1985 година, Мадона се искачи на врвот во Америка со Like a virgin.
КОМЕНТАРИ