
Лана Дел Реј продаде над 117, 000 копии од нејзиниот нов албум во Британија, со што стана најпродаваниот албум за 2012 година. На второто место се најде легендарниот Леонард Коен, со неговиот 12 студиски албум Old Ideas, додека Ed Sheeran, се симна на третата позиција со неговиот +. Coldplay со Mylo Xyloto, во 19 недела на продажба, се на петото место, додека David Guetta, се симна од седмото на деветото место со Nothing but the Beat.
David Guetta и Sia се први на британската топ листа со Titanium. Оваа песна, минатата недела беше на втората позиција, за оваа недела да стигне на пол – позицијата завршувајќи со 9000 продадени копии од овој сингл, пред Аlone Again и Alyssa Reid, која сега нели е на второто место на листата.
Песната Give me all your luvin, го имаше своето ексклузивно деби на Super Bowl. Поп кралицата Madona, на сцената беше придружена и од Nicki Minaj и MIA, кои всушност се дел од оваа песна. Покрај оваа ја испеа и Vogue, a во придружба на LMFАO ја испеа добро познатата Music, додека Express Yourself и Like a Prayer, ги пееше заедно со Cee Lo Green кој на сцената се појави во екстравагантна облека, типична за него.
Jessie J изјави дека не може да го прифати фактот дека Адел не пее заради операцијата на гласните жици која се случи минатата година.
- Тоа што и се случи на Адел е едно од оние нешта кои се ужасни, а во кои не можеш да помогнеш – изјавила Jessie J во емисијата на Jonathan Ross на ITV, во синоќешното гостување. Таа додала дека не може да замисли како таа ќе реагира ако и се случи нешто вакво бидејќи пеењето и музиката и се се во животот. Инаку,целта на нејзинито гостување во емисијата било, дополнителната промоција на нејзиниот нов сингл Domino.
Благодарение на своите акции во Facebook, фронтменот на групата U2 ќе стане убедливо најбогатиот музичар на светот. Боно е сопственик на 1,5% од акциите на Facebook, а во друштвената мрежа има вложено 90 милиони долари во 2009-та година. Според проценките – по јавното излегување на Facebook на берзата, неговите акции сега ќе вредат околу милијарда долари.Со тоа, Боно ќе вреди околу 1,1 милијарда долари и ќе биде за околу 300 милиони долари поимотен од досегашниот рекордер Пол Макартни.
Американскиот аренби-пејач Ар Kели го промовира својот нов сингл Share My Love. Со песната го најавува новиот албум, кој сепак нема да се вика Black Panties, како што беше најавено претходно. Новото цеде ќе биде наречено Write Me Back. Според најавите се друго ќе остане исто и албумот ќе биде ретро-проект замислен како камбек кон звукот на Kели од 90-тите, односно трибјут кон неговиот деби 12 Play од 1993.
1962 – на денешен ден роден е Axl Rose.
КОМЕНТАРИ