
Поранешниот телохранител на Бритни Спирс - Фернандо Флорес, кој во 2010-та ја обвини за сексуално малтретирање, планира да ги открие сите зачинети детали околу пејачката, во книга. Флорес тврди дека потпишал договор од 1 милион долари за издавање на книгата, која, според него, ќе ја извади на виделина нечистотијата околу турнејата на Спирс.
Како што јавува магазинот Спин, My Chemical Romance го лансираа новиот видео запис за сингл од стариот албум, станува збор за песната Kids From Yesterday што доаѓа од албумот Danger Days: The True Lives of the Fabulous Killjoys, објавен уште во ноември 2010 година.
Откако ја напишал песната Glory, посветена на неговата ќерка, Џеј Зи во својата нова песна, откри дека поради приновата во неговото семејство ќе го исфрли зборот bitch од неговите хип хоп песни. Имено, трговците на медицинскиот канабис во Лос Анџелес новата врста на канабис ја крстиле Блу Ајви - по името на новородената ќерка на Џеј-Зи.
Lady Gaga е при крај со дизјанирањето и режирањето на новото шоу со кое низ светот ќе го промовира својот последен албум Born This Way. Ексцентричната ѕвезда неодамна откри дека веќе почнала да пишува песни за својот трет албум, кој наводно треба да се објави кон крајот на 2012 година.
Ed Sheeran и Jessie J одлучија да снимат дует, кој ќе претставува вистинска соработка.Ed и Jessie се номинирани и за Brit Awards.
Ed Sheeran изјави:
- Вистина е дека Jessie и јас сакаме да снимиме дует. Не би сакал било кој од нас само да гостува кај другиот. Сакам тоа да биде вистинска соработка, во која ќе пееме рамноправно.
Ed Sheeran неодамна сними дует со раперот Example, а хитот на Jessie J feat. BoB – Price Tag беше најдобро продаван соработка на двајца музичари во Велика Британија во 2011 година.
Jennifer Lopez на снимањето на новиот видео запис заедно со нејзиното момче танчетот Casper Smart разменувале нежности. Ова е малку збунувачки бидејќи неодамна таа на едно телевизиско шоу се појави држејќи се за рака со нејзиниот поранешен сопруг Marc Anthony. Оваа заедничка средба на славниот пар ја шокираше јавноста, но се појавија и сомнежи дека можеби нивната врска повторно ќе ја обноват.
1943 година, на денешен ден е родена пејачката Џенис Џоплин.
КОМЕНТАРИ