
Четвртото продолжение на хорор серијалот, сега во 3Д техника наречено Underworld Awakening заработи 25 милиони долари по првиот викенд на прикажување и се пласира на првото место на бокс офисот во Северна Америка. Во четвртото продолжение се врати актерката Кејт Бекинсејл, но сега серијалот е без Вил Најтли и Мајкл Шин.
После повеќемесечните шпекулации, конечно е потврдена веста дека ќе се снимаат продолженија на култната серија Сексот и градот.Како што пишуваат американските медиуми, станува збор за приказна како започнало се, заснована на романот Дневниците на Кери на Кендас Бушнел.Студиото Њу лајн синема соопшти дека и испратила пилот епизода на телевизиската мрежа CW од креаторите на популарната серија Озборувачка, Џош Шварц и Стефани Савиџ.
На задоволство на многу фанови ширум светот на телевизиска серија Muppet Show, овие омилени ликови повторно се со нас. Kermit, Miss Piggy, Gonzo, Walter, Scooter и другите незаборавни ликови од популарните серија ќе се појават на големиот екран. Во овој филм треба да се соберат сите членови на старата банда Muppet – кои многу одамна се пензионирани – со цел да го спасат ТВ студиото каде што некогаш се снимало нивното шоу.
Странските медиуми пишуваат дека Џенифер Анистон се одлучи на пауза од својата успешна актерска кариера, а со тоа само уште толку ги подгреа шпекулациите во јавноста за нејзината бременост.42 годишната актерка која е во врска со 40 годишниот Џастин Терукс, решила дека нема да прифаќа нови филмски ангажмани во претстојната година.
Поради улогата во новиот хорор филм Dark Shadows, холивудскиот актер Johnny Depp бил на строга диета. Пиел зелен чај и се хранел со ананас и јагоди. Во филмот глуми како богаташ и заводник кој вешетрка ќе го претвори во вампир.
- Бев на строга диета. Со денови пиев само зелен чај, и се хранев со ананас и јагоди - открил Depp.
Џулија Робертс, Алек Болдвин, Мет Бомер и Џим Парсонс се приклучија во следниот филм на Рајан Марфи, адаптација на автобиографијата на Лари Крамер The Normal Heart. Филмот е продукција на компанијата на Бред Пит Plan B. The Normal Heart е експлозивна драма за нашите најстрашни и вознемирувачки медицински проблеми денес: епидемијата СИДА.
Сити радио ви препорачува да го погледнете Bubel, со Бред Пит во главната улога.
КОМЕНТАРИ