
Jас пред се му благодарам на Бога за секој нов ден.Прашањето е поради одговорот, а тој е секогаш различен...како и мојот свет ?! Почетокот беше НОМА пред 18 години ... љубов...пријатели...домашни..странци...љубопитност или потрага по возбуда..којзнае.... и тоа трае...и трае...
Сигмунд Фројд во една прилика рекол „...само работата и љубовта заедно човекот го чинат – човек..„ во спротивно вие сте само едната половина.Се трудам да ги спојам, за да бидам цело.
Се ближат деновите на дождот, а јас ги сакам влажните утра. Го паметам Лондон во 8 часот наутро...метрото и патот до моето училиште....Лондон...беше тоа една убава младост...
Моето студио е во боја...сиво...портокалово и цреша...високо, со поглед на стариот град...
Чудно е кога луѓето те препознаваат по гласот. „Моето име е Маргарита„ – беше првиот наслов на мојата емисија...анонимно...само глас и 1001 можност за креирање лик...
Радиото е блиско до чувството на сонот, разговор со непознатиот. Приказната почнува со првата средба...разговор...уметници, политичари, глумци, обични луѓе, случајни минувачи...магија....со нив се раѓа мојот ден. Нивната приказна е секогаш поинаква, исповедна, интимна или лажна...Се трудам да зирнам во нивните животи....по малку..доволно е.
Луѓето умеат да слушаат ако имаш што да кажеш, во спротивно е крај.
Со Џони на Клуб правивме приказни во кој секој наоѓа парче душа...музика и филм ....како срце големо, полно со љубов...и секој посакува да го слушне неговиот пулс...
Често патувам, последниве 4 месеци три пати го напуштив градот.Фиренца е романтична, Амстердам љубовен, Берлин горделив. Ми недостасуваат уличните свирачи и уметноста што се продава за пари.Таму се има цена.И пријателите.Моите овде се бесплатни.Го делам денот и пладнето со нив.
ПРОДОЛЖЕНИЕ
Музиката на Нина Симон – секогаш.
Маркес – деновиве. Филмовите на Кишловски, семејството, игрите без граници со Миа, ги сакам.
Пустината и џунглата кријат многу тајни. .Егзотичните патеписи на ТВ во потрага по новите светови...со години беа моја инспирација.Бев патник и пишувач, Африка, Индонезија, југот на Америка, Азија...трагав...но, таму нема крај... мораш да си добар „преживувач„ и „слушач„.Во животинското царство има ред и реден број. Би се вратила, .....некаде луѓето немаа леб, ни вода, ни кревет, ни дом...имаа само насмевка.Нејзи многу ретко ја среќавав во цивилизираниот свет.Тажно.Нема да заборавам.
Рекламите се моја слатка љубов.Во нив глумам мајка, модел, звезда.10 Секунди без право на грешка.Само тогаш се е совршено.
А ноќта?
Таа сепак е премногу интимна и тивка.Нешто сосема лично.Му се враќам на Фројд и неговиот човек – „нашата втора половина„.Само така можеме да опстанеме.
Во Сараево деновиве се роди 6 милијардитиот жител – рекоа од љубов.Во моето време можеби имало 4 милијарди, но и јас се родив од љубов. Им благодарам на моите родители.Значи, љубовта постои и .......вистинската преживува...и невреме...и војни... и глад.
Денот 13 Октомври ми значи многу...
Крајот не постои, тој само го навестува новиот почеток.
Утре е нов ден!
КОМЕНТАРИ