НИЕ / Инфо
Започнете го денот секогаш во друштво на вашиот верен пријател Club Fm, на добро познатата адреса – на фреквенцијата на 103,4. Таму ве чекаат поразлични содржини, нови предизвици и концепт на современо градско радио со единствена програмска шема. Најнови информации и вести, збиднувања од културата, бизнисот и политиката, муабетот со јавните личности...домашни и странци и најдобрата музика се само дел од новата програмска шема на Club Fm. Старо - новиот Club Fm ќе провоцира, ќе се бунтува, ќе шири позитивна енергија и ќе се грижи за околината, ќе иницира и поддржува различни проекти и кампањи, трибини, музички настани и граѓански акции – се за Скопје да стане вистинска метропола.
Програмата на Club Fm ќе биде обоена во 4 сезони како што Скопје се менува низ годишните времиња. Секоја сезона со својот белег и оригинален радиски дизајн на мириси, бои и звуци, ќе создаде автентична атмосфера и слика на градот, ќе го буди културниот животен бит на Скопје и ќе им овозможи на слушателите вистинско доживување.
Како стратешки партнер, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, единствениот факултет кој нуди балансиран микс на теорија и пракса, активно ќе учествува во следењето и позиционирањето на Club Fm на медиумскиот пазарот. Поврзувањето на Club Fm со првиот дневен весник на македонски јазик Нова Македонија и бизнис неделникот Капитал, ќе им понуди на слушателите единствени содржини, луѓе и настани, па на оваа фреквенција ќе се зборува и за информации од бизнисот и финансиското работење, регионални движења на пазарот и берзите, но и интервјуа со личности кои го одбележуваат нашето секојдневие. Соработката со програмата на БиБиСи на македонски јазик ќе донесе квалитет плус во доближување на настаните од Европа, но и директен контакт со една од најважните метрополи во Светот – Лондон.
Нашата визија е радио кое ќе пулсира во духот на градот, радио кое ќе ги задоволи и начули сите наши сетила, радио од кое нема да можете да се одвoите. Токму затоа...
Club Fm го слушаат сите...СЕКОГАШ И СЕКАДЕ.