08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

Шизички со Nissan Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

KeSha со ново видео

KeSha со ново видеоКако што пишува на блогot PopCrush  токму кога помисливте дека Ke$ha не може да биде полуда, таа повторно ќе ве изненади.Пејачката од Нешвил, го лансираше новото Remix видео за Sleazy Remix, за кој на својот YouTube канал, напиша дека го направиле група на нејзини пријатели. Во ова неаматерско видео улогите од оригиналното видео ги имаат раперите Andre 3000 и T.I., ги превземаат актерот Efren Ramirez.


Момците од групата AC/DC оваа година влегуваат во студио, откако еден од членовите на бендот ќе се опорави од болеста, најави главниот вокал Брајан Џонсон. Тој изјави дека групата ќе го сними својот нов албум до крајот на годината.
- Се надеваме дека оваа година повторно ќе се вратиме заедно - беше изјавата на Брајан Џонсон. Инаку групата следната година ќе слави 40 години постоење.


Пол Макартни прави музика за компјутерски игри. Легендарниот битлс Пол Макартни е возбуден што работи на музика за сѐ уште безимената игра, поради тоа што фасцинантниот пазар е одличен начин неговата музика да биде слушната од младите генерации.


Emeli Sande никогаш нема да настапи во X Factor шоуто. Пејачката откри дека нема намера да се пријави на талент шоу од ваков карактер, бидејќи тоа ќе и пречи на нејзината креативна слобода.За Daily Star таа изјави дека луѓето постојано и сугерирале да го стори тоа, токму поради битката која таа сама ја води за својата кариера, и додаде дека на тој начин не би имала можност да ги пее своите песни.Санде откри дека не се согласува со начинот на судење во ова шоу, каде според неа изгледа тажно како тројца луѓе ги кршат соновите на младите пејачи,на што додаде дека таа никогаш не би поминала низ тоа. Пејачката ќе го издаде својот деби албум, Version Of Events наредниот месец, откри дека соработува со Alicia Keys на нејзиниот нов албум.


Steve Jones, Nicole Scherzinger и Paula Abdul го напуштаат 'X Factor' USA? Кратко откако Steve Jones на својот Twitter профил изјави дека го напушта шоуто, излегоа информации дека истото ќе го сторат и Nicole Scherzinger и Paula Abdul.Причините за напуштањето на Scherzinger се сеуште непознати, но се шпекулира дека пејачката сака повеќе време да посвети на својата кариера. Издавањето на нејзиниот албум Killer Love во Америка, беше одложуван на неколкупати поради обврските во шоуто, но по разговорот и “благословот” даден од Simon Cowell таа решила да се посвети на својата кариера, изјави извор на E! Online.


New Order најавуваат мини турнеја во Британија. Групата ќе има 4 настапи во мини турнејата која ќе започне на 26 април , а ќе заврши на 5 мај. New Order ќе настапат без Peter Hook кој изјави дека решил да ја “закопа секирата” и да се смири со другите членови од бендот, но додаде дека  не го добива истиот feedback oд другата страна.New Order ќе имаме можност да ги чуеме на овогодинешниот Exit фестивал.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани