08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

Шизички со Nissan Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Хајди Клум и Сил се разведуваат

Хајди Клум и Сил се разведуваатВеста за разводот на познатата манекенка Хајди Клум и пејачот Сил ја изненади пошироката јавност, бидејќи наизглед имаа совршен брак, меѓутоа тоа не било сосема така како што потврдуваат американските таблоиди кои објавија дека причина за разводот е неверството на пејачот.Сил наводно ја изневерувал Хајди со дадилката која своевремено работела за нив, а манекенката се одлучила на развод бидејќи несакала повеќе да го трпи неговото неверство.


Мадона проговори за својот филм за Волис Симпсон, војвотката од Виндзор, со која е целосно фасцинирана. Открива дека на работата на филмот се одлучила бидејќи била осамена, но и воодушевена од британската историја. Педесет и тригодишната пејачка се заинтересирала за историјата кога поради Гај Ричи се пресели во Лондон. Таа додава дека веднаш почнала да ја проучува Волис Симпсон, а многу податоци кои ги нашла за неа, биле навистина негативни и еднострани.


Откако ѝ пропадна големото враќање на музичката сцена, Витни Хјустон ќе се обиде својот углед да го поправи на филмското платно. Од некогашниот глас на Хјустон не остана многу, а таа турнејата нагло ја прекина поради здравствени проблеми. Но, фановите може да се радуваат бидејќи Витни Хјустон се враќа, овој пат на големото платно. Според најавите, таа ќе глуми во филмот Sparkle, римејк на истоимената драма од 1976 година, испирирана од групата Тhe Supremes во која членуваше Дајана Рос.


Пејачот Marc Anthony одлучил на целиот свет да покаже колку ја сака неговата нова девојка. Во чест на дваесет и четири годишната Sharon De Lima тој го истетовирал Кипот на слободата на внатрешната страна од зглобот на неговата десна рака. По пропаѓањето на неговиот брак со Jennifer Lopez, пејачот нашол утеха во венецуелскиот модел Sharon De Lima, кој на еден статус на Твитер ја нарекол Кип на слободата.


Оперските пејачи од Македонија и од Балканот со изведбата на хитовите на македонската легенда, преаранжирани во оперски арии, предизвикаа чудесна алхемија од задоволство и тага, насмевки и солзи кај присутните во салата. Двочасовниот несекојдневен настан кој се одржа во салата на Македонската опера и балет понуди програма со поинаков музички израз, кој беше составен дел од музичкото кредо на Тоше Проески, а сепак недоволно експониран во текот на неговиот живот. Публиката ги слушна неговите хитови облечени во ново аранжерско руво и музички облагородени со настапот на стотина музичари.


Некогашните членки на британскиот женски состав Spice Girls би можеле да настапат на отворањето на Олимписките игри во Лондон.
- Олимпијадата е одлична прилика да се собереме, но мора сите да се согласат. Не сум сигурна дека сите девојки би прифатиле - вели Мел Си.Медиумите оценуваат дека меѓу Спајсиците најверојатно нема да биде Викторија Бекам, а досега согласност дале Гери Халивел, Ема Бантон и Мел Си.


1988 година, Мајкл Џексон се искачи на врвот на американската топ листа со песната Тhe Way You Make Me Feel.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани