
Еден од четири караоке-натпреварувачи избира песна од Адел кога зема микрофон во раце, покажаа истражувањата. Нејзината балада Someone like you беше најпопуларна песна во 2011, која сочинува 14% од песните изведени на Lucky Voice.Преработката од Боб Марли на Адел, Make you feel my love, беше втора најпопуларна со 10%.Друга песна од Адел, Rolling in the deep,се најде на 7-то место.
Поп музиката минатата година се продавала навистина многу, а рок музиката се продавала рекордно најлошо во однос на претходните седум години. Меѓу топ 10 најпродаваните албуми за 2011-та дури седум се од поп жанрот, додека само два биле од рок жанрот, покажува статистиката на Official Charts Company која се занимава со истражувања на пазарот. Добрата продажба на поп албумите, на која отпаѓаат 33,6% од вкупната продажба, пред сè се должи на остварувањата на Адел и Џеси Џej.
Годинашната компилација 2012 Grammy nominees носи 22 песни од различни изведувачи и жанрови, кои ја одбележаа годината зад нас и кои ќе го одбележат годинашното престижно доделување на Греми наградите и на 24 јануари тргнуваат со продажба во издание на Universal music. Ријана, Лејди Гага, Адел, Блек кис, се номинирани во категориите снимка на годината, албум на годината, најдобар нов изведувач, најдобар кантри албум и најдобро поп дуо или група.
Кети Пери ќе се појави и во виртуелниот свет. Пејачката потпишала за ексклузивна креативна соработка со компјутерскиот гигант за видео игри Electronic Артс за да развијат тематски содржини и виртуелни добра кои ќе бидат базирани на нејзиниот начин на живот.Партнерството ќе биде објавено во март за изданието на играта Тhe Sims 3: Showtime.
Новата музичка ѕвезда Лана Дел Реј ги разочарала своите обожаватели и наиде на многу лоши критики од страна на странските медиуми поради нејзиниот настап во шоуто Saturday Night Live.Минатата сабота Лана беше музичкиот гостин, во шоуто во кое беше најавена од 22 годишниот актер од Хари Потер, Даниел Редклиф.
Бијонсе не може да најде зборови за да опише како се чувствува додека ја држи малечката Блу Ајви. Во британското издание на магазинот Стар, се вели дека ваков е нејзиниот прв впечаток, во првото интервју што го дала по породувањето. Наводно, потенцирала и дека мисли дека нејзината ќерка ќе биде како и секое друго дете, а сопругот Џеј-Зи, всушност, навистина ќе менува пелени. Но, член на нејзиниот тим за односи со јавноста тврди дека сè од почеток до крај е лага. Бијонсе нема кажано ниту збор во ниту едно интервју по бременоста.
1971 година на денешен ден е роден, Џонатан Дејвис, вокалот на Корн.
КОМЕНТАРИ