
Членовите Public Enemy годинава повтроно ќе се соберат за да снимаат нови два студиски албума, откри еден од основачите на на групата, Чак Ди за магазинот Billboard.Светски прославените американски изведувачи на хипхоп музика, по петгодишната пауза во јуни ќе го објават албумот Most of My Heroes Still Don't Appear On No Stamp, а во септември The Evil Empire of Everything.
Феноменалните The Cure најавија дека бендот ќе биде дел од повеќе летни фестивали годинава. Прв на листата е швдскиот фестивал Hultsfred, а потоа следат двата големи германски фестивали, Southside и Hurricane. Инаку момците овој период ќе се појават во неколку специјални шоу емисии. Велат дека нема строго да се врзуваат за британските фестивали и настани.
Пејачката Бијонсе одлучила да направи пропагандни маички за новата кампања на Барак Обама Runway to win. На белите маички дизајнирани од страна на Бијонсе и нејзината мајка Тина, има испишано инспиративни пораки како: Words do inspire и I'm in, нацртано е и американското знаме.
Песната The Last Goodbye на The Kills ќе пристигне токму на десетгодишнината од бендот.Jamie Hince и Alison Mosshart, познати како дуото The Kills, го објавија новиот сингл и видео за песната која се наоѓа на нивниот последен албум од минатата година, Blood Pressures. Станува збор за песната The Last Goodbye, чие што објавување се совпаѓа точно со десетгодишнината од основањето на британско-американскиот бенд.Видео записот е снимен со 35-милиметарска филмска трака, а беше ангажирана и актерката Samantha Morton која што е позната по нејзините улоги во филмовите Minority Report и In America.
За Лејди Гага освен фановите и Блу Ајви Картер, ќерката на Бијонсе, е мало чудовиште. Ексцентричната пејачка, која со Бијонсе стана блиска по дуетот Telephone, одлучила среќните родители да ги изненади со подарок наменет за нивната најголема радост. Но, Гага и при изборот на подарок одлучила да биде единствена, па им пратила бебешко боди на кое со виолетови дијаманти било испишано мало чудовиште. Исто така, пратила и порака во која пишувало Картер прв пат да го носи специјалниот подарок на концерт кај пејачката.
Вчера во централниот дневник на МРТ се објави песната со која Калиопи ќе ја претставува Македонија на Евровизија, на претстојниот музички спектакл, во мај 2012 во Баку, Азербејџан. Се работи за песната Црно и бело, што ја напиша нејзиниот бивш сопруг Ромео Грил, инаку автор на најубавите песни на Калиопи- Бато, Кофер љубави.
Пејачката Аврил Лавин по нешто помалку од две заеднички години ја прекинала врската со реалити ѕвездата Броди Џенер. Причината е фактот дека немале еднакви погледи кон иднината, па одлучиле да тргнат секој по својот пат. Аврил наводно сакала конечно да се смири, а Броди сеуште не е подготвен за такво нешто. Претходно Аврил беше во брак со рокерот Дерик Вибли, а неодамна изјавила дека е подготвена за нов брак и основање семејство.
1999 година Fatboy Slim, се искачи на врвот на британската топ листа со песната You've Come A Long Way Baby.
КОМЕНТАРИ