08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Како изгледа Kelly Rowland во новото видео?

Како изгледа Kelly Rowland во новото видео?Kelly Rowland во новиот видео запис - Lay it on me е неодоливо заводлива. Секси глас и движења кои сигурно нема да ве остават рамнодушни. За оние кои не знаат, Kelly e модел, пеачка и телевизиска водителка. Песната која е во дует со Big Sean и е дел од новиот албум Here I Am.


Тони Брекстон, која пред нешто повеќе од една година јавно призна дека се бори со тешката болест лупус, заврши во болница. Се работи за болест кај која имунолошкиот систем го напаѓа здравото ткиво и органите бидејќи ги препознава како страни тела во организмот. Американските медиуми пренесуваат дека популарната пејачка е хоспитализирана бидејќи нејзиниот имунолошки систем почнал да се гаси. На обожавателите Брекстон им порача дека сега сè е под контрола и дека добро се чувствува.


Шерил Кол и Ријана ќе ги здружат силите за заеднички дует, кој ќе биде загарантиран број 1 на топ листите, пишува магазинот Daily Star.Тие треба да снимат заедничка песна во едно студио во Лос Анџелес оваа недела.
- Шерил замина во Лос Анџелес за да го доврши својот албум и треба да сретне со Ријана за да го снимат нивниот дует - открил неименуван извор за магазинот.


Концерт во чест на пејачката Ејми Вајнхаус, се планира за престојното лето. Таткото на починатата пејачка Мич Вајнхаус е во преговори за овој настан, кој телевизиски треба да биде пренесуван во целиот свет. Приходите од концертот ќе бидат наменети за новата хуманитарна фондација која семејството на Ејми ја осниваше во нејзина чест. Концерт во чест на Ејми, како идеја се појави само три дена по нејзината смрт, на 23 jули 2011 година.


Пејачката Бионсе, по нејзиното породување, повторно е во сферата на интересирањето на медиумите. Во медиумите се појави нејзина најнова фотографија на која таа е со платинеста перика и посветол тен. Многумина сметаат дека Бионсе сака, како и починатиот Мајкл Џексон, повеќе да личи на белкиња, па поради тоа од своите стилисти бара максимално да го осветлат нејзиниот тен на кожата.


Џенифер Лопез и поранешниот сопруг Марк Ентони се појавија држејќи се за рака на прес конференцијата за промоција на реалното шоу QViva: The Chosen.Џенифер дури и изјавила дека таа и Марк навистина се забавувале работејќи заедно.Иако се шушкаше дека се во лоши односи, т.е. дека на него не му се допаѓа што Џеј Ло се забавува со помлад дечко, затоа што смета дека лошо ќе влијае на нивните деца, нивното заедничко пристигнување ги демантираше сите натписи.


1979 година на денешен ден родена е британската пејачка Алија.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани