08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Ван Хелен со нов сингл

Ван Хелен со нов синглАмериканската рок-група Ван Хејлен со лидерот Дејвид Ли Рот, кој повторно се врати во бендот, ги објави своите прв сингл и видео по 27 години. Црно-белото видео за песната Тату од претстојниот албум, A Different Kind of Truth, ги прикажува Рот и браќата, Еди и Алекс, како настапуваат на сцена со гитарски соло-изведби додека Рот пее и игра.


Џејсон Алдин и Кели Кларксон, Foo Fighters, Бруно Марс и Тејлор Свифт се првите изведувачи кои според досегашните информации ќе настапат на 54-то доделување на Grammy наградите. За разлика од Кларксон, Foo Fighters, Марс и Свифт, ова е прв настап на Grammy за Алдин и Минаж. Наскоро треба да бидат соопштени имињата на останатите изведувачи, презентери и специјалните сегменти од шоуто.


Пред раперот Ludacris стојат бројни планови за реализација. Ludaversal, осмиот по ред албум на артистот ќе биде најавен со првиот сингл кој ќе се појави на пазарот во мај. На албумот ќе има многу изненадувања, како што вели Ludacris. Едно од тие ќе биде соработката со неговиот колега Usher. Двајцата музичари и порано имале соработка, посебно за големиот хит Yeah.


Џејсон Донован, кој беше голема ѕвезда во осумдесеттите од минатиот век, по пауза од 19 години ќе го издаде својот прв студиски албум. Ова ќе биде шести албум на Џејсон Донован, а ќе излезе во март. Иако ова му е прв оригинален студиски материјал по речиси две децении, Донован веќе последниве неколку години беше активен во светот на музиката, па ги објави компилациите обработки Let me Be Me во 2008-ма и Soundtrack To The 80’s во 2010-та.


Американската турнеја на Ред хот чили пеперс е одложена поради операција на фронтменот Ентони Кидс. Веста беше објавена на официјалната страница на бендот. Кидс го оперира стапалото, кое подолго време му е повредено и му предизвикува болки, кои во последно време станале се посилни.


Раперката Ники Минаж ќе го направи своето музичко деби на Греми наградите следниот месец. На листата музичари кои ќе истрчаат на сцената за време на најголемата ноќ во музичката индустрија, се најдоа и Фу Фајтерс и Бруно Марс. Вчера Греми организаторите изјавија дека Минаж, која има четири Греми номинации, ќе настапи на 12 февруари заедно со кантри сензациите Тејлор Свифт и Кели Кларксон.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани