
Творецот на популарната серија Очајни домаќинки, Марк Чери ги преупредил љубителите на серијата дека големото финале ќе остави некои отворени прашања но сепак поради тоа не треба да очекуваат филмска екранизација на серијата, пренесуваат американските медиуми.Чери оценил дека осумте сезони на серијата која е прикажувана на телевизијата ЕЈ-би-си било доволно време да се проникне во длабочината на карактерите кои ги играле Тери Хачер, Фелисити Хофман, Марша Крос, ева Лонгодија и Николет Шеридан.
За хит комедијата која беше големо изненадување ова лето, веќе е потпишан договор за продолжение. Тројцата несреќни вработени очигледно ќе бидат соочени со нови шефови кои ќе треба да ги разрешат.Сценаристите Џон Френцис Далеј и Џонатан Голдстајн веќе го потпишале договорот за втор дел на Horrible Bosses, пренесува Hollywood Reporter. Ѕвездите на филмот, Џејсон Бејтман, Чарли Деј и Џејсон Судкис исто така треба да се вратат во продолжението, а веќе се започнати преговорите со режисерот Сет Гордон.
Актерката Анџелина Џоли изјави дека режијата на филмот Во земјата на крв и мед, само ја унапреди нејзината кариера.Холивудската ѕвезда за весникот New York Times, изјави дека снимањето на филмот за војната во Босна го гледа како свое унапредување и одење еден чекор понапред во кариерата и во својата работа како Амбасадор на добрата волја во Обединетите Нации.
Комедијата со Jim Carrey во главната улога конечно ќе добие продолжение. Семоќниот Брус е филм за ТВ новинар кој добива шанса да биде Бог во текот на една недела, откако на вистинскиот Бог се пожали поради унапредувањето на еден од колегите.Во филмот играат и Steve Carell, Morgan Freeman и други.Семоќниот Брус е снимен во 2003 година, а заработи половина милијарда долари низ целиот свет.
Згодната актерка Еван Рејчел Вуд била изненадена кога за време на романтичната вечера нејзиното момче Џејми Бел. Имено Бел по само седуммесечна врска побарал за жена својата љубена. Двајцата се уште го немаат одредено датумот на венчавката.
- Тотално ја изненадил на вечера. Не знаевме дека ќе ја побара – изјавиле пријателите на заљубениот пар.
Сити радио ви препорачува да го погледнете The Devil Inside со Fernanda Andrade во главната улога, за љубителите на хоророт.
КОМЕНТАРИ