08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Доли Партон сака дует со Гага

Доли Партон сака дует со ГагаKантри-пејачката Доли Партон сака да сними дует со ексцентричната Лејди Гага. На Партон оваа идеја толку многу и се допаднала, што дури инсистира на соработката. Вели дека тие две би биле доста забавни заедно, а таа би го користела името Лејди Гу Гу. Доли е позната по својата необична смисла за хумор.


Kонцертот на легендарна метал-група Блек сабат, закажан за 28 јуни на Ушќе во Белград, ќе биде одржан и покрај тоа што менаџментот на бендот соопшти дека гитаристот Томи Ајоми има рак на лимфниот систем. На шеесет и тригодишниот Ајоми му е дијагностицирана рана фаза на рак, а докторите ги употребуваат најдобрите методи на лечење за подмолната болест. Оригиналната четворка на Блек сабат пред два месеца во Лос Анџелес објави дека по цели 33 години пауза работи на својот прв албум заедно со продуцентот Рик Рубин.


Во интервју за британското водечко Греам Нортон Шоу пејачката го откри името на албумот, но не е јасно дали тоа ќе биде конечното нејзино решение.Новиот албум на поп-дивата Мадона ќе се вика МДНА.Името на албумот на Мадона сепак предизвика бум на незјиниот профил на Твитер. Причина за коментарите беше дека што точно се крие зад абревиатурата MDNA. Според некои фанови на музичката икона станува збор за дрога екстази, чие научно име е токму MDNА, а според други зад насловот се крие името на Мадона – (Madonna DNA) – Мадона ДНК.


Винс Kларк и Мартин Гор, дел од оригиналната постава на легендарниот состав Депеш мод, најавија дека ќе соработуваат на заедничкиот албум. Ова ново издание ќе се појави на 12 март и ќе содржи 10 песни работени од двајцата по речиси 30 години. Гор се уште е член на Депеш мод, но Винс Kларк го напушти бендот откако го издадоа албумот во 1981 година.


Познатата пејачка Мадона тврди дека совршената љубов е недостижна. Во интервју за емисијата од Грахам Нортон, непосредно пред премиерата на нејзиниот филм W.E. во Велика Британија, поп дивата откри дека и покрај два пропаднати брака, сè уште е романтична и дека се надева дека еден ден витезот во сјаен оклоп ќе го собори со нога.


Новороденчето на Џеј Зи и Бијонсе, Ајви Блу Картер влезе во музичката историја, откако стана најмладата личност која учествувала на нумера.Таа е дел од Билборд топ-листата, а овој успех го оствари откако нејзиниот татко ги вклучил звуците кои таа ги прави на својата нова нумера Glory. На неа Џеј Зи ја изразува радоста која ја чувствува, откако во неговиот живот пристигна малата Блу.


1991 година, на денешен ден е родена британската пејачка Пикси Лот.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани