08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Адел повторно на врвот за најдобри албуми

Адел повторно на врвот за најдобри албумиАлбумот на Адел 21 се врати на врвот на листата со најдобри албуми во Британија откако го потисна Kолдплеј од првата позиција. Адел досега помина 19 недели на број еден позицијата, што е најмногу откако Сајмон енд Гарфанкел успеа да заседне на тронот цели 33 недели со Bridge Over Troubled Water во 1970 и 1971 година. Албумот на Адел заработи 3,77 милиони копии минатата година. Скрилекс е единственото ново име на листата и дебитира на бројот 36.


Бренди и Моника повторно ќе ги слушаме во дует. Изведувачките веќе снимиле дел од новата песна во студио во Мајами, соопштуваат американските медиуми.
- Одлична вечер во студиото. Не бев во најдобра форма, но дадов сè од себе и сè тргна одлично. Можеби малку подобро од обично... Многу те сакам, Мо. Ти благодарам - напиша Бренди на својот профил на Твитер веднаш по снимањето.


Марк Ентони и порача на својата поранешна сопруга Џенифер Лопез да посети психијатар поради својата неспособност да биде сама.Имено, пејачот и забележал на Џенифер што постојано влегува од една во друга романтична врска. Двојката за време на изминатиот викенд имала уште едно недоразбирање. Ентони се пожалил дека не ги гледа доволно своите близнаци и дека сака да минува повеќе време со нив.


Lady Gaga се појави во препознатливо издание за магазинот L'Uomo Vogue, но она што ги изненади сите оние кои претходно ги виделе нејзините голи гради е нивната големина. Дали станува збор за поинаков агол на фотографирање, добар фотошоп или пак контроверзната пејачка ги зголемила своите гради, останува непознато.


Иако лани Џастин Бибер и Ребека Блек беа едни од најпребаруваните имиња од светот на музиката, се надеваме дека новата година ќе донесе повеќе интерес и ѕвездени мигови за нови имиња што вреди да се слушнат. Ова е дел од листата на музичари што се очекува да блеснат во 2012 година.Michael Kiwanuka го споредуваат со Отис Рединг, а го понесе и епитетот машка верзија на Адел. Инспирација од Отис Рединг црпи и Elle King, млада Американка која ги воодушеви музичките критичари. Многумина во неа ја препознаа новата Ејми Вајнхаус, а трет е Allen Stone, човекот кој звучи како совршен спој од Стиви Вондер и Принц.


Расел Бренд, поранешниот маж на поп-пејачката Кејти Пери ќе биде побогат за два милиони долари. Американските медиуми објавија дека пејачката би можела да ја изгуби оваа сума пари само зашто не потпишала предбрачен договор со британскиот комичар Расел Бренд, со кој беше во брак една година. Во тој случај заедничкиот имот би требало да се подели на половина. За време на нивниот брак пејачката заработи 45 милиони долари.


Британскиот пејач Брајан Фери се ожени со својата пријателка Аманда Шепард. Свадбата се одржа на 4 јануари во луксузното одмаралиште Аманјара на островите Таркс и Каикос во Карипското Море. Ова е втор брак за Фери, кој е познат по своите хитови Slave To Love и Let's Stisk Together.


Тони Ајоми, гитаристот на англиската хевиметал-група Блек Сабат, има рак на лимфниот систем, соопштија од бендот. Во известувањето се наведува дека на 63-годишниот Ајоми му бил дијагностициран рак и дека тој со докторите разработува план за употреба на најдобриот метод на лекување. Оригиналната четворка на Блек Сабат пред два месеца објави дека со продуцентот Рик Рубин работи на својот прв албум по пауза од 33 години.


Необјавените стихови од песна на Мајкл Џексон оваа недела се најдоа на аукција. Досега беа во sopsтвеништво на дерматологот Аронлд Клеин кој сега се одлучил да заработи од продажбата на песните.Песната има осум стихови, а Мајкл песната ја дал на својот доктор пред смртта во јули 2009 година , пишуваат американските медиуми.Документите за стиховите се проценети од вредност на 3.000 до 5.000 долари, стилот на песната е во поетска форма , има осум редови и изгледаат како да се стихови.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани