08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


МУЗИЧКИ ВЕСТИ
Share |

Заради Бјонсе, не можеле да си ги видат бебињата

Заради Бјонсе, не можеле да си ги видат бебињатаОткако планетарно познатата пејачка Бијонсе ја роди ќерката Блу Ајви, информациите за безбедносните мерки во њујоршката болница испливаа на површина.Пред самото породување, персоналот на болницата одржал состанок каде се договориле какви мерки на безбедност ќе преземат за што подобро да ја заштитат новородената ќерка на светската дива.Tокму поради ваквите ригорозни мерки на безбедност, родителите на другите новороденчиња се бунеле. Па така, на еден татко му бил забранет пристапот до родилиштето каде биле неговите штотуку родени близначиња.


Кристина Агилера ги слушнала суровите шеги во врска со нејзината тежина, и решила да им одговори на сите оние кои ја критикуваат дека таа е задоволна со своето тело.
- Во овој бизнис сум предолго време. Излегов на сцена кога имав 17 години. Никогаш неможеш да бидеш премногу совршен, премногу слаб, премногу дебел, ова, она. Сум била од сите страни на спектарот исто како и секоја друга жена во овој бизнис - изјавила пејачката за медиумите на една прес конференција.


Според информациите кои ги објави Nielsen SoundSca, најпродаваниот албум за 2011-та година е Abbey Road на групата The Beatles, и тоа трета година по ред.Албумот Abbey Road на кој се наоѓаат песните Here Comes the Sun, Come Together и Something, во 2011 година е продаден во 41.000 копии, во 2010 година во 35.000 копии, а во 2009 година 34.800 примероци.


Оригиналната постава на групата Велвет револвер, која ја сочинуваат Слеш, Даф Мекаган, Мет Сорум, Дејв Kушнер и пејачот Скот Вејланд, ќе се појави уште еднаш на бината на 12 јануари во славниот клуб Хаус оф блуз во Холивуд. Гитаристот Дејв Kушнер успеа уште еднаш да ги собере членовите на бендот, а повод е концертот во чест на неговиот пријател, музичарот Џон О’Брајан, кој почина во август минатата година.


Радоста за добивањето на ќерката, американскиот рап артист Jay Z ја прослави со нова тема која ја напиша специјално за бебето и сопругата. Бебето на славната двојка се вика Blue Ivy Carter. Песната е насловена Glory, а во неа се содржани дел од стиховите:
- Најубавото нешто што сум го почувствувал, зборовите не можат да го опишат она вистинското, душо, ќе го обојам небото сино, мојата најубава креација си Ти .
Металика со 3Д филм.


Американскиот хеви метал состав Металика, на својата интернет страница, потврди дека подготвува филм во 3Д технологија, без да прецизира за што станува збор. Реагирајќи на пишувањето во повеќе музички списанија, меѓу кои и Roling Stoun, членовите на групата, потврдија дека шпекулациите се точни, дека би сакале да кажат нешто повеќе околу проектот, но дека сеуште не ги разработиле сите детали. Филмот во кино салите би требало да се појави следната година.


На денешен ден 1945 година, е роден Род Стјуарт.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани