
Фронтменот на групата Foo Fighters, Дејв Грол, најави соработка со членовите од метал бендот од 80-тите Ratt. Проектот ќе биде составен од Дејв Грол заедно со Стивен Пирси од групата Ratt и Ворен ДеМартини, а беше откриено од Пирси на неговиот твитер профил.
Луѓето кои го следат популарниот пејач на оваа друштвена мрежа се изначитале твитови, ноќта на петти јануари кога Kanye објавувал три часа без престан. Тој почнал да им објаснува на следбениците дека неговата портпаролка не добила отказ, туку сама ја напуштила агенцијата во која работела, како и тоа дека тој моментално нема свој агент.По ова, раперот на Твитер објавил дека не се расфрлал со пари во последните две години и парите наместо во накит и нови автомобили ќе ги вложи во летно училиште, заедно со режисерот Спајк Џоунзи.
Елтон Џон ужива во мирниот семеен живот заедно со сопругот Дејвид Фурниш и синот Захари. Поголем број од светските ѕвезди во овој период од годината се на скијање во монденските скијачки центри, но британскиот пејач се решил за сонце. Елтон со сопругот и нивниот едногодишен син Захари како идеална дестинација за одмор на целото семејство ја одбрале Хонолулу на Хаваи.
Популарниот пеjач Рики Мартин, ужива во родителството. Со својот партнер Карлс Гонзалез, оваа година планираат да го кажат судбоносното да, но и да го прошират семејството. Парот сака нивните тригодишни близнаци Матео и Валентин да добијат сестра. Порториканскиот секс симбол вели дека тоа би било совршено трио.
На Интернет почна да се шири демо снимка од новата песна на Кејти Пери. Песната Bullet е во кантри стил и е наменета за кантри пејачката Џеси Џејмс, а не за Кејти.Дека е навистина така, зборува и еден стих во песната кој вели Why do you think they call me Jessie James. Ова не е прв пат Кејти да соработува со своите колешки – до сега има соработувано со Кели Кларксон, Ешли Тис дејл и Селена Гомез.
RnB пејачот Џејсон Деруло мораше да ја откаже светската турнеја поради повреда на вратот во текот на пробите. Џејсон Деруло вежбал акробаткса танчарска точка кога паднал на главата и изгубил свест, пишува Daily Mail.Тој итно е пренесен во болница каде е утврдено дека го скшрил вратот и дека за влакно избегнал парализа.
1965 година, на денешен ден е роден пејачот Haddaway познат по песната What is love.
Бијонсе, чија бременост од првиот ден беше тема на сите медиуми, конечно се породи во саботата вечерта, на 7 јануари. Според американските медиуми, Бијонсе го донела на свет девојчето Ајви Блу Картер и тоа со царски рез во њујоршката болница Ленокс Хил. Без разлика дали информацијата е точна или не, на новопечената мајка веќе почнале да и' стигнуваат честитки преку Твитер, а меѓу првите кои и' го честитале раѓањето на ќерката биле Расел Сајмон и Ријана.
КОМЕНТАРИ