
Британскиот пејач Роби Вилијамс најави големо враќање на музичката сцена. При тоа изјави дека сака да стане најголема поп-ѕвезда на сите времиња. Тој планира да го објави својот деветти албум и да одржи голема повратничка турнеја. Тој исто така откри дека ќе се труди да биде и подобар сопруг на својата партнерка Аида Филд со која се ожени пред 16 месеци.
Многу жени низ светот со негодување прифатија дека латино пејачот Рики Мартин сака мажи, а со уште поголемо негодување прифатија дека со својот вереник Карлос Гонзалес на 28 јануари ќе застане пред олтар.
Откако во март 2010 година ја призна својата хомосексуалност, Мартин почна јавно да се залага за легализација на истополовите бракови. Бидејќи во неговото родно Порторико тоа сè уште е забрането, пејачот и неговиот вереник ќе се венчаат во Њујорк. Мартин ги има тригодишните близнаци Матео и Валентин, кои му ги роди сурогат мајка, а со Гозалес е во врска четири години.
Пејачката Џенифер Хадсон по смртта на нејзиниот брат во 2008 година била толку вознемирена што неможела да продолжи со пеење. Таа мислела дека веќе никогаш во животот нема да запее, но по еден необичен настан нејзината “тишина” се прекинала.Всушност Џенифер вели дека во нејзината глава го слушнала гласот на својот покоен брат и повторно почнала да пее.
Легендарната група Пинк Флојд се подготвува да засвири повторно заедно на Олимписките игри во Лондон. Преостанатите членови на оваа култна група, последен пат ги надминаа меѓусебните разлики и настапија на добротворниот концерт Live 8 во 2005 година, што беше првиот јавен настап за нив како група по пауза од 20 години.Оваа година постои реална можност, тие повторно да се обединат за потребите на најголемиот спортски настан во светот.
Adele, Beyonce, Britney Spears, Lady Gaga и Rihanna ги издадоа своите албуми во 2011 година. Но еве кои се најочекуваните албуми за 2012 година...На прво место е Nicki Minaj со Pink Friday: Roman Reloaded кој треба да се појави на 14 февруари, втор е албумот на Мадона, но насловот и датумот уште не се одредени, по него следува Lana Del Rey со Born To Die кој ќе излезе на 30 јануари, а четврт е Adam Lambert со Trespassing, а излегува на 20 март. На петото место е Skylar Gray со Invinsible, а шести е албумот на Кристина Агилера.
Легендарната пејачка Арета Френклин е во среќна врска со долгогодишниот партнер Вилијам Вилкерсон и вели дека е подготвена со него да влезе во брак. По 20 Греми награди, некои од најдобрите концерти во историјата, живот на кој многумина би позавиделе, Арета вели дека сега е подготвена уште оваа своја врска да ја стави на документ.
1960 година, на денешен ден е роден Мајкл Стајп, вокалистот на R.E.M.
КОМЕНТАРИ