
50 Cent помина многу тешки периоди,во последните неколку години и сега сето тоа го стави во еден видео спот за синглот They Burned Me.Во штотуку објавеното видео има детали од пожарот кога изгоре неговата куќа во Лонг Ајланд во 2008 година па се до неговите лични кризи.
Магазинот Time објави листа на десетте најпопуларни музички албуми во 2011 година. На првото место, очекувано се најде албумот 21 на популарната Адел, но еве и дел од другите албуми беа највртени во годината што изминува. Florence and the machine со нивниот Ceremonials се втори, по нив следуваат Kанје Вест и Џеј Зи со Watch the Throne, a на четвртото место се најде Пи Џеј Харви со Let England Shake.
Рокерите-ветерани од Ван Хелен планираат в година да заминат на турнеја со фронтменот од оригиналната постава Дејвид Ли Рот. Во видеото постирано на веб-страницата на бендот, Еди ван Хелен, неговиот брат Алеј и синот Волфганг го изведуваат хитот Panama, додека Ротр скока по сцена. Со ова видео се потврдија шпекулациите дека бендот се враќа на сцена со Рот. Исто така е потврдено дека веќе работат на албумот, а потпишаа договор во ноември. Се очекува да издадат нова песна во февруари, по што ќе следува и албумот кој ќе биде прв по 1984, издаден во 1983 година.
Џастин Тимберлејк и Тимбаленд заедно направија многу добри песни, а овој пат се здружија со прогресивниот хип-хоп рок бенд по име FreeSol.Тие се појавуваат во новиот спот на FreeSol, Fascinated, а спотот е со футуристичка тема.Дебитантскиот албум на FreeSol, No Rules ќе се најде на продажба во почетокот на 2012 година.
Здружението за заштита на животните ПЕТА ја прогласи пејачката Џенет Џексон за најлоша личност во 2011. година. Џенет Џексон според мислењето на здружението ПЕТА најмногу ги загрозила животните со своите модни избори.
- Животните во чија кожа се обвиткува се мртви, баш како и нејзината кариера и вкус - се наведува во соопштението на здружението.
Наташа Бедингфилд го објави спотот за празничната песна Shake Up Christmas. Спотот е снимен додека ја пеела песната со својот бенд на балконот од хотелот.Оваа песна првично стана популарна благодарение на Train, и сепцијално беше преснимена од Наташа за Празничната кампања на Coca Cola.
1978 година, на денешен ден е роден Џон Леџенд.
КОМЕНТАРИ