
Музичкиот феномен од парискиот Монмартр, популарната пејачка Заз, на први јуни ќе настапи на голем концерт во Белград. Локацијата на концертот ќе биде соопштена по новогодишните празници. Пејачката, чие цело име е Изабел Жефроа изразила желба да настапи на отворен простор.
Во последното издание на стрипот од Batgirl серијалот со наслов Batman Incorporated: Leviathan Strikes, главниот лик, чие име е Стефани Браун, се наоѓа на тајна мисија во женското шпионско училиште, St. Hadrian. Во ова интересно училиште, инструкторките премногу потсетуваат на популарните музички ѕвезди: Кејти Пери, Ријана и Лејди Гага. Директорката на училиштето во ова продолжение кое го заокружува Batman Incorporated серијалот На Грант Морисон се појавува лик кој премногу потсетува на Мадона. Еклсклузивно погледнете неколку делови од стрипот и уживајте.
Бразилецот Мишел Тело кој го освои светот со песната Ai, se eu te pego, се подготвува за долга интернационална турнеја во февруари и март следната година.
Според бразилскиот сајт Ола миленикот на македонската публика, бил поканет да пее во Македонија и Тунис каде, како што пренесува порталот, владее вистинска треска по него. Интернационалната турнеја на пејачот започнува во февруари и март следната година, а Тело ќе се појави на концерти ширум Европа, со настапи во Португалија, Шпанија и Италија, каде што неговата музика е најпопуларна.
Новиот спот на Ријана за песната You Da One го гледале скоро три милиони луѓе за три дена, откако беше промовиран минатиот четврток. Ријана во спотот е плавуша со кратка коса и на некои моменти потсетува на Мадона од времето на Papa Don’t Preach. Облечена во многу тесно боди во месо боја пејачката изгледа како воопшто да не носи никаква облека. Таа е провокативна, си игра со димот на цигарата и провоцира ставајќи ја раката помеѓу нозете, нешто во стилот на Мајкл Џексон.
Американската блуз-пејачка Ета Џејмс која боледува од леукемија, се наоѓа на апарати за дишење, пренесуваат светските агенции. Џејмс која е позната по својата блуз-балада At last била сместена во болница близу до нејзиниот дом во Лос Анџелес на почетокот на неделата, бидејќи се жалела на проблеми со дишењето. Ета Џејмс е тројна добитничка на Греми наградата. Таа е сместена во Куќата на славните рокенрол изведувачи во 1993, а осум години подоцна во Куќаата на славните блуз изведувачи.
Соул легендата Арета Френклин издава нова бест оф компилација. Насловена Knew You Were Waiting: The Best Of Aretha Franklin 1980-1998, збирката хитови треба да се појави на 31 јануари.Со оваа компилација, кралицата на соулот, ќе се присети на периодот поминат под закрилата на етикетата Ариста рекордс, а исто така ќе го одбележи и 70-от роденден на 25 март.Компилацијата ќе содржи вкупно 16 песни, а Арета подготвува и концерти.
2007 година, на денешен ден албумот на Ејми Вајнхаус, се искачи на врвот на британската листа.
КОМЕНТАРИ