
Американскиот актер кој се појави во сериите Law and Order и Las Vegas, 33 годишниот Роберт Арон Стивенс ја шокираше јавноста со своето однесување. Актерот е обвинет за силување, а според извештајот на полицијата во Лос Анџелес злосторствата се случиле помеѓу мај 2009 и октомври 2010 година. Тие веруваат дека освен двете девојки кои досега се јавиле, има уште жртви.
Денес официјално ќе биде промовиран видео записот за вториот сингл од четвртиот студиски албум на Flo Rida.Во моментов тој е на 6-та позиција на листата на најпродавани синглови во Британија, а неговиот претходен сингл Good Feeling, на почетокот на 2012 се задржа две недели на врвот. Раперот го сними видеото во јануари.
Легендарниот актер Ал Пачино ќе биде дел од актерската екипа во продолжението на анимираниот хит Despicable me. Пачино во новото продолжение на цртаниот филм ќе го замени Хавиер Бардем во улогата на главниот негативец, против кој ќе се бори Гру, за кој гласот ќе го позајми Стив Kарел. Во Despicable me ликот на Пачино ќе се вика Ел Мача. Се очекува овој наслов да се појави во кината следната година, на 28 јуни 2013 година.
Arnold Schwarzenegger ќе игра во The Tomb. Schwarzenegger во филмот ќе го игра затвореникот Church .Покрај него во филмот ќе се појави и Sylvester Stallone. Нив заедно повторно ќе имаме можност да ги видиме во второто продолжение на The Expendables.
Култната лекарска серија Доктор Хаус ќе заврши со емитување во април по крајот на осмата сезона, изјавија сценаристот на серијалот Дејвид Шор, продуцентката Кејти Џејкобс и главниот лик во серијата Хју Лори. Продуцентите на серијалот по многу разговори и размислувања одлучиле да и стават крај на серијата и да ја зачуваат таинственоста на главниот херој. Одлуката, како што се изразија тие, им била непростлива, но потребна.
Објавен е новиот трејлер за филмот The Avengers.Филмот кој на едно место ги обединува сите суперхерои како што се Црната вдовица, Хулк, Капетанот Америка, Железниот човек и Тора, ќе пристигне во кината во мај.Тие ќе се обидат да ја запрат страшната закана, која доаѓа од Злобниот брат на Торов, Локи кој се обидува да владее со планетата.Во екранизацијата на стрипот на Марвел играат Samuel L. Jackson, Robert Downey, Jr, Scarlett Johansson и Jeremy Renner.
Сити радио ви препорачува да го погледнете Man on a Ledge со Sam Worthington во главната улога.
КОМЕНТАРИ