08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Трето полувреме со првиот трејлер

Трето полувреме со првиот трејлерВчера беше објавен првиот трејлер за Македонскиот филм, Трето полувреме кој е базиран на вистински настани а е во режија на Дарко Митревски.Трето полувреме ја раскажува приказната за тренерот Евреин на историскиот Македонски фудбалски тим во текот на Втората светска војна кои под неговото водство станаа шампиони на Национална фудбалска лига. Освен тоа во филмот станува збор и за млада девојка од богато еврејско семејство која ќе се заљуби во Македонски фудбалер.


Денес во американските медиуми се појави информација дека славната холивудска актерка Angeleina Jolie е бремена. Тоа го потврдиле нејзини блиски пријатели кои изјавиле дека таа има утрински мачнини, но и ужива во фактот дека ќе роди уште едно дете.
- Кој знае можеби наскоро ќе забременам - низ шега неодамна ова го изјавила Jolie. Но изгледа оваа шала се претворила во вистина.


Американскиот режисер Џорџ Лукас одлучи повеќе да не режира блокбастер филмови. Тој соопшти дека се збогува со режирањето на комерцијални филмови, и дека ќе го помине остатокот од кариерата создавајќи нискобуџетни, мали, лични филмови. Па така фановите нема да очекуваат продолженија на THX 1138, American Graffiti, Star Wars или пак Indiana Jones. Лукас во интервју за Њујорк Тајмс ја објасни својата одлука.


Еден од најочекуваните филмови во 2012 година е Prometheus на епик-мајсторот Ридли Скот, кој е најавуван како новиот Alien. Aктерот Мајкл Фасбендер е пресреќен што е дел од актерската екипа во овој научно-фантастичен филм, во кој глумат и Нуми Рапас и Шарлиз Терон. Тој смета дека сценариото е навистина интелигентно и вели: Prometheus е филм кој мора да го погледнете во 2012 година.


Леонардо Ди Каприо рече дека ќе бидe разочаран доколку не добие Оскар за неговата улога во Џ. Едгар.Актерот кој трипати беше номиниран за Оскар, рече дека е благодарен за комплиметите кои ги добива и најавите дека тој ќе биде добитник на златната статуетка, за неговата улога на познатиот директор на ФБИ.
- Не верувам дека има актер кој ќе каже дека не посакува Оскар. Доколку некој го каже тоа, тогаш мислам дека лаже. Од моите искуства во оваа индустрија научив дека не постои апсолутно никаков начин да се контролираат мислењата на луѓето за вашата изведба во одреден филм.


Рики Џервејс јавно се заколна дека никогаш повеќе нема да води Златен Глобус. Ама не затоа што годинава не беше доволно смешен. Откако прво на својот блог се пофалил себеси дека бил брилијантен на 69-то доделување на наградите, комичарот напишал дека им наредил на своите агенти да не му дозволат повторно да застане зад таа говорница. Тој признава дека годинашното водење на Глобусите му биле најомилено од досегашните 3 и дека овој пат публиката била извонредна.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани