08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Нов трејлер за American Reunion

Нов трејлер за American ReunionUniversal Pictures објави нов меѓународен трејлер за филмот American Reunion кој може да го погледнете подолу. Во филмот се појавуваат оригиналните актери од Американска пита, Џејсон Бигс, Алисон Ханиган, Крис Клејн, Наташа Лионе, Томас Јан Николас, Тара Реид, Шон Вилијам Скот, Мена Сувари, Еди Кеј Томас, Џенифер Кулајџ и Јуџин Леви.


Немиот црно-бел филм The Artist во режија на Мишел Хавазаникиус е номиниран во 12 категории за британските филмски награди Бафта кои се сметаат за британски еквивалент на Оскарите.Британскиот шпиунски филм Tinker Tailor Soldier Spy  на режисерот Томас Алфредсон пак, е номиниран во 11 категории.


Официјално денес се појави трејлерот за семејната драма насловена The Eye of the Storm. Во филмот во кој учествуваат Оскаровецот Џефри Раш и добитничката на Златен Глобус, Џуди Дејвис- станува збор за проблемите во семејството Хантер кои живеат во предградие на Сиднеј.Инаку The Eye of the Storm, е филм базиран на книжевната класика од 1973 година од Нобеловецот Патрик Вајт, кој ни нуди дивјачко истражување на семејните односи и скриените чуства на љубов и омраз, комедија и трагедија.


Анџелина Џоли на доделувањето на наградите Златен глобус му пристапила на режисерот Педро Алмодовар и го прашала дали еден ден ќе споработуваат на филм.На тоа Алмодовар на шега и кажал дека кога Џоли му понудила соработка англискиот веднаш му станал подобар. Џоли моментно е преокупирана со промовирањето на нејзиното режиасерско првенче, Во земјата на крв и мед, а Алмодовар со Кожата во која живеам.


Британската актерка Кејт Винслет вели дека е подготвена за ултимативниот предизвик во нејзината актерска кариера, односно за улога во која ќе глуми маж. Винслент планира да зачекори по патот на Кејт Бланшет и Глен Клоуз кои своевремено глумеа припадници на посилниот пол.


Цртаниот јунак - морнарот Попај денеска полни 83 години. Имено, 17 Јануари 1929 година се појави првиот стрип Thimble Thetare, во кој морнарот кој јаде спанаќ беше главниот лик.Стрипот го креира Елзи Крајслер Сегар.Многу брзо познатиот стрип јунак ја доживеа и својота адаптација на ТВ, и помеѓу 1933 и 1957 година направени се околу 230 кратки епизоди, и три долги анимирани филмови за Попај. До 1988 година бројот на кратки епизоди се искачи на 638.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани