
Славниот актер Шон Пен, ја доби титулата почесен амбасадор на Хаити, откако во последните две години вложи големи напори за да им помогне на луѓето кои останаа без покрив над главата по земјотресот што го погоди овој карипски остров. Амбасадорот за надворешни работи на Хаити, Лорен Ламот, му понудил на Шон Пен да биде почесен амбасадор на карипскиот остров Хаити, откако тој во последните две години вложи многу труд за да им помогне на жителите да закрепнат по страшниот земјотрес.
Последниот дел од сагата Twilight, Breaking Dawn Part 2 треба својата премиера да ја доживее во ноември оваа година, меѓутоа, сега креаторите тврдат дека тука нема да е крајот на франшизата за вампири. Четирите продолженија на книгата Twilight на Стефани Мајер беа екранизирани, почнувајќи од 2008-ма, од кои последниот дел Breaking Dawn беше поделен во два филма. И иако очекувавме тоа да е крајот на оваа филмска франшиза, сега од студиото кое стои позади овој филм, тврдат дека, без разлика што не постои книга, ќе има уште филмски продолженија.
Актерката Мила Кунис е најновата славна личност која ќе учествува во рекламната кампања на Диор, соопшти француската модна компанија. Таа ќе биде модел за колекцијата на рачни чанти Miss Dior во рекламната кампања за пролет/лето 2012 година.Убавата актерка им се придружи на колешките Натали Портман која е заштитно лице за Miss Dior Cherie, како и Шарлиз Терон која го рекламира парфемот J’adore.
Актерката, која што редовно се наоѓа меѓу најубавите жени во светот, изјави дека и таа има свои недостатоци, и тоа во буквална смисла на зборот.Всушност, Анџелина Џоли, откри дека за време на снимањето на филмот Томб Рајдер имала тешка повреда на раката, така што докторите не успеале целосно да ја санираат повредата, а без притоа да не има последици.
- Ми недостига дел од лактот. Додека снимавме се удрив и го скршив лакотот. Докторите успеаа да санираат поголем дел од повредата, но едно парче уште плови внатрешно, вели актерката, која поради Том Рајдер загуби дел од лактот, но се здоби со светска слава.
Холивудската ѕвезда Брус Вилис неодамна во строга тајност го посетил Белград, каде со продуцентите на акциониот Умри машки посетил некои од локациите на кои во наредните месеци ќе го снима продолжението на авантурите на детективот Џон Меклејн.Како што пренесува српски Блиц, Вилис во српската престолнина останал неколку дена, а неговата посета била чувана во најголема тајност. Актерот во Србија дошол за да направи неколку пробни снимања, а една од локациите која ја обиколил бил и делот кај Главната железничка станица.
Многу фанови на Аватар беа разочарани од веста дека наместо следната година, новото продолжение на филмот ќе мора да го почекаат до 2016 година. Доцнењето се должи на фактот дека режисерот Џејмс Камерон не сака да се повторуваат специјалните ефекти кои ги користише во првиот дел на Аватар, пишува Блиц.Имено, режисерот повторно се посветил на новата медиумска револуција и сака понапредно 3D прикажување, и единствено искуство во гледањето па од технички аспекти може значително да се забави целиот проект.
КОМЕНТАРИ