
Холивудската ѕвезда Бред Пит кој е номиниран за наградата Златен глобус за улогата во филмот Moneyball покажа дека и покрај сериозната улога што ја толкува во филмот, на снимањето добро се забавува. На порталот YouTube е објавена видео снимка на која се гледа како актерот не престанува да се смее при снимањето на една од сцените и покрај обидите да биде сериозен.
Од секогаш имало шпекулации за тоа која е вистинската сексуална ориентација на Холивудската легенда Џејмс Дин.Сега се појави и трејлер за филмот кој има многу специфичен став во врска со неговиот личен живот.Претстојниот автобиографски филм Joshua Tree, 1951: A Portrait of James Dean, вклучува сцени каде актерот има сексуални односи со мажи.
Минатиот викенд во кината доминираа новите филмови. Премиерите кои беа најавени за изминатава недела, беа најгледани во кината ширум САД и Канада, а меѓу нив најпосетуван беше новиот филм на Марк Волберг, Contraband. Филмот кој се дефинира како акциона крими драма успеа да се избори на првото место на бокс офисот, заработувајќи 24,1 милион долари. Contraband ја имаше својата премиера во петокот, 13-ти јануари, а Волберг со својата одлична глума успеа да привлече најмногу публика во кината на северноамериканскиот континент.
Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа како совршен гламурозен пар на црвениот тепих пред доделувањето на наградите Златен глобус.Џоли носеше млечно кремова сатенска тоалета од Versace со впечатлив црвен акцент, кој беше во тон со нејзината мала чантичка. Прекрасната 36-годишна актерка го комплетира својот префинет изглед со обетки и прстен од Lorraine Schwartz. Бред Пит носеше костум на Salvatore Ferragamo. 48-годишниот актер на црвениот тепих се појави со бастун поради неодамнешна повреда на ногата.
Немиот црно-бел филм The Artist освои три награди на доделувањето на наградите Златен глобус кое синоќа се одржа во Беверли Хилтон хотелот во Лос Анџелес.The Artist ги освои статуетките во категориите најдобар филм, мјузикл или комедија, најдобар актер во категоријата мјузикл или комедија и најдобра музика за филм. The Descendants освои две награди Златен глобус, за најдобар филм драма, а Џорџ Клуни за улогата во филмот на Александар Пајн освои награда за најдобар актер во главна улога.
Бред Пит конечно откри која улога требало да му биде прва во Холивуд. Тој бил на аудицијата за филмот Обвинета од 1988, каде требало да биде еден од тројцата кои ја силуваа Џоди Фостер. Но, неговото убаво лице не поминало на аудицијата како силувач. Бред бил толку разочаран што мислел дека убавината во неговата амбиција да стане актер ќе му одмогне. Но, среќата му се насмевнала кога српскиот режисер Божидар Николиќ го открил и го довел во Бока Которска за да глуми главна улога во неговиот фиилм, заедно со Милена Дравиќ, која ја играше неговата мајка, покојната Соња Савиќ која му беше девојка во филмот и Горица Поповиќ.
Сити радио ви препорачува да го погледнете Source code со Jake Gyllenhaal во главната улога.
КОМЕНТАРИ