08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Кои ги добија наградите People choice

Кои ги добија наградите People choiceПоп-ѕвездата Kети Пери и последниот филм од серијалот Хари Потер се најголеми победници на наградите Пиплс чојс што завчера беа доделени во Лос Анџелес.Пери, која во моментов е во фокусот на јавноста поради разводот од актерот Расел Бренд, триумфира во пет категории, меѓу кои за најдобра пејачка, омилена песна и најбарана ѕвезда на фестивалите. Хари Потер и Реликвиите на смртта: дел 2 освои четири статуетки вклучувајќи ги наградите за најдобар филм и за најдобра актерска екипа.


Се појави трејлерот за претстојната комедија Friends With Kids!Филмот во кој учествуваат Меган Фокс,Џон Хам, Адам Скот, Кристен Виг, Маја Рудолф и Џенифер Вестфелд ја раскажува приказната на група најдобри пријатели во своите 30-ти години кои одлучуваат да имат деца а потоа започнуваат да се гледат со други луѓе.


Минатата есен се појави веста дека Силвестер Сталоне ќе ја има главната улога во претстојниот трилер The Tomb, наместо Арнолд Шварценегер.Денес медиумите пак изјавуваат дека можеби во филмот ќе се појават и двајцата актери.Филмот ја раскажува приказната за еден затвореник кој е експерт во дизајнирање, и треба да побегне од структурата за која тој самиот помогнал да се изгради.


На премиерата на неговиот последен филм The Ides of march каде Џорџ Клуни игра претседателски кандидат, изјави дека сака да се појави во нова слична улога, каде би ја глумел германската канцеларка Ангела Меркел. Холивудскиот актер во интервју за списанието Emotion, изјавил дека со задоволство би ја играл германската канцеларка Ангела Меркел.


Американската академија на филмски науки и уметност планира да ги пресели Оскарите од Кодак во Нокиа театарот. Откако 10 години го организираше најзначајниот холивудски настан во Кодак театарот, Академијата почнала преговори со АЕГ, компанијата која раководи со Нокиа театарот, лоциран во деловниот дел на Лос Анџелес.


Младиот и перспективен актер Џејмс Франко ќе ја игра главната улога во драмата за контроверзниот американски уметник и фотограф Роберт Мејплторп, кој и’ пркосеше на цензурата, а умре во 1989-та година од сида, пренесува Hollywood Reporter. Биографскиот филм за Мејплторп ќе го опишува неговиот приватен живот, врската со познатата пејачка Пети Смит, како и гласините за неговата хомосексуална ориентација, а нема да биде запоставен и неговиот контроверзен уметнички пристап кон фотографијата.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани