08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Рики Џервејс повторно ќе претерува на Златните глобуси

Рики Џервејс повторно ќе претерува на Златните глобусиНаспроти сите критики дека лани претерал со шегите на Златните Глобуси, Рики Џервејс најавува дека ни годинава нема да биде поблаг во коментарите.
- Работата на комичарот не е само да ги насмее луѓето, туку и да ги натера да размислуваат. Шегата треба да има значење, суштина. Не можеш да навредиш некого ако тој самиот не се најде навреден, тоа е толку просто. Ако нешто те навреди, замини си. Тоа што некој е навреден не значи дека е во право - изјавил Џервејс во интервју за Сиднеј Морнинг Хералд.


Младата актерка Џенифер Лоренс ќе биде една од славните личности кoи ќе ги прогласуваат годинешниве номинации за Оскар, најпрестижната награда во светот на филмот, соопштија организаторите на свеченоста.Оваа 21-годишна актерка ќе му се придружи на претседателот на Американската филмска академија, Том Шерaк, на прогласувањето на номинациите што ќе се одржи на 24-ти јануари.


Мерил Стрип имала многу мала самодоверба за време на снимањето на новиот филм The Iron Lady поради тоа што за улогата на Маргарет Тачер се подготвувала само седум дена. Оскаровката влезе набрзина во улогата на железната леди, а неодамна призна дека имала само седум дена за го извежба држењето и говорот на Тачер.


Даниел Крег дошол на идеја убиецот од The Girl With The Dragon Tattoo да ја слуша музиката на Енја додека ја мачи својата жртва. На тоа се досетил откако режисерот Дејвид Финчер рекол дека бара совршена музика за да ја нагласи баналноста на злото. Британскиот актер, кој го игра новинарот Микаел Бломквист во овој мрачен трилер, предложил дека идеална песна би била хитот на Енија од 1988 година Orinoco Flow. Потоа, песната преку својот iPod му ја пуштил на режисерот.


Добра вест за сите љубители на филмските класици - Universal соопшти дека по повод нивниот 100-ти роденден повторно ќе издаде неколку од најпопуларните филмови со подобар квалитет и на блу-реј. Universal, студиото кое досега ни ги има претставено едни од најдобрите филмови на сите времиња, веќе работи на средување на 13 од нивните најдобри наслови, пренесува Reuters. Меѓу нив ќе се најдат All Quiet On The Western Front, The Birds, Buck Privates, Dracula, Dracula на шпански јазик, Frankenstein, Jaws, Schindler's List, Out Of Africa, Pillow Talk, Bride Of Frankenstein, The Sting и To Kill A Mockingbird.


Филмската хорор класика Carrie од 1976 година ќе добие уште еден холивудски римејк. Како можен режисер сега се споменува Кимберли Прајс, режисерката која во 1999 година го сними Boys Don’t Cry. Сценарист на филмот ќе биде Роберто Агире-Сакаса, а за главната улога се борат повеќе актерки. Линдзи Лохан е избор на писателот Стивен Кинг, но според медиумите во САД, 15- годишната Хејли Стансфилд е посигурен избор. Таа минатата година беше номинирана за Оскар во вестернот True Grit.


Сити радио ви препорачува да го погледнете Loosies со Peter Facinelli во главната улога.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани