08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор?

Линдзи Лохан како Елизабет Тејлор?Линдзи Лохан неодамна осамна како Marilyn Monroe во провокативна фотосесија за магазинот Playboy, а сега Lindsay Lohan преминува на друга икона од малите екрани.Проблематичната дваесет и пет годишна старлета може да се појави како никој друг туку Elizabeth Taylor. Таа е во рани преговори да ја игра Taylor во претстојниот филм, базиран на животот на неодамна починатата актерка. Би била во главната улога во Elizabeth & Richard: A Love Story.


Македонскиот режисер Милчо Манчевски е годинашен добитник на престижната награда на Централноевропска иницијатива. Наградата му се доделува за филмот Мајки. Според образложението на меѓународното жири, Манчевски е добитник на оваа престижна награда поради тоа што неговите уметнички дела го поттикнуваат дијалогот меѓу културите и ја толкуваат современата култура на оригинален начин.


Холивудската легендарна актерка Џоан Колинс ќе се најде во новата рекламна кампања за Snickers чоколадите, и ќе го замени Mr T.Колинс, ѕвездата од серијата Династија од 1980-та годинa, минатата недела пристигнала во Велика Британија за снимањето на рекламата.Во хумористичната реклама Колинс ќе биде претставена како гламурозна постара жена со совршена фигура која сеуште сака чоколада.


Чарли Шин повторно изненадува. Тој тврди дека целосно се променил и дека веќе го нема стариот Чарли поради чие однесување доби отказ од серијата Два и пол мажи.
- Веќе не сум луд. Тоа беше само една епизода. Денес сум поинаква личност - вели Чарли.Тој наскоро ќе се појави во ТВ шоуто Anger Management во кое што ќе глуми терапевт, а вели дека улогата одлично ја истражил.


Познатиот режисер Стивен Спилберг стигнал на премиерата на својот нов филм Војна на коњите во Лондон, во придружба на главните актери, меѓу кои беше и главниот јунак на приказната – коњот. Секако, Спилберг имал многу ефектно пристигнување, бидејќи никој не очекувал на славниот режисер да му се придружи и храбриот коњ, кој е и ѕвезда на топлата приказна за љубовта меѓу човекот и животните.Коњот по име Џои трпеливо го издржал фотографирањето, а заедно со него се сликале и Спилберг и Џереми Ирвин, кој во филмот го игра сопственикот на овој прекрасен коњ.


Се појави првиот трејлер за тинејџерската драма на Мајли Сајрус, LOL.Во филмот станува збор за Лола, бунтовна тинејџерка која сака да прави забави и да флертува со момчињата. Деми Мур ја глуми нејзината мајка, која е многу разочарана од својата проблематична ќерка. LOL е римејк на Францускиот филм Laughing Out Loud и е во режија на Лиза Азуелос.Освен Сајрус и Мур, во драмата учествуваат и Даглас Бут и Ешли Грин.


Во февруари ќе се емитува 500-та епизода од анимираната серија Симпсонови и тие планираат да го завземат своето место во Гинисовата книга на рекорди.На 8 февруари ќе има вистински Симпсонс- маратон, бидејќи ќе се емитуваат сите 500 епизоди и тоа ќе трае 86 часа, 6 минути и 41 секунда.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани