
Некогашната тинејџерска ѕвезда, актерот Кори Филдман кој се прослави со улогата на Mouth во филмот Goonies, изјавил за медиумите дека планира да напише книга во која ќе ги открие сите педофили во Холивуд, кои како што вели тој денес се најуспешните и најугледни луѓе во филмската индустрија.
Холивудската актерка Дру Баримур се вери со агентот за уметнички дела Вил Копелман, објавија денеска американските медиуми. Информацијата официјано ја потвдија верениците кои на интернет објавија фотографија од нивната веридба, на која се гледа и вереничкиот прстен на Баримур.
Режисерот Тим Бартон, чиј миленик е актерот Џони Деп, овој пат се здружи со друга успешна Холивудска ѕвезда за да оживее една бајка.Бартон, кој го режираше Alice in Wonderland во 2010 година, е во преговори со студиото Warner Bros. за да направат филмска адаптација на Pinocchio.Во улогата на Ѓепето, творецот на кукли и креаторот на момчето-марионета, ќе биде ни помалку ни повеќе туку познатиот актер Роберт Дауни Џуниор.
Американското Национално здружение на филмски критичари го прогласи филмот Melancholia на Ларс вон Трир за најдобро филмско остварување во 2011 година. На ѕвездата на овој филм Кристен Дансит, 58-те филмски критичари од САД, членови на Здружението, и ја доделија наградата најдобра актерка во 2011 година, додека истата титула во машка конкуренција му припадна на Бред Пит за улогите во филмовите Monneyball и The Tree of Life.
The Devil Inside кој критичарите веќе го прогласија за најлош филм за 2012 година е неочекуваниот победник на првиот вистински филмски викенд во Северна Америка во новата година. Нискобуџетниот филм, кој Парамаунт го купи за 1 милион долари викендов заработи 34,5 милиони долари и по две седмици го симна од тронот четвртото продолжение од серијалот Невозможната мисија со Том Круз во главната улога, кој остана на 2. место со заработени 20,5 милиони долари. Сепак Mission: Impossible -- Ghost Protocol досега вкупно заработи одлични 430 милиони долари, a Парамаунт во филмот вложи 145 милиони долари.
Оваа година ќе биде година на филмовите од комичните стрипови. Барни Рос и Џејмс Бонд можеби не се согласуваат, но супер-хероите ќе не забавуваат оваа година.Па, дури и ако сте ја фрлиле колекцијата со стрипови од 1991-ва година или пак сте ги заборавиле под вашиот кревет, не постои начин како да ги пропуштите лошите момчиња на Марвел. Филмови кои ќе ви значат во 2012-та година се Ghost Rider: Spirit Of Vengeance, The Avengers, The Amazing Spider-Man, The Dark Knight Rises и Dredd.
Сити радио ви препорачува да го погледнете Contraband со Mark Wahlberg во главната улога.
КОМЕНТАРИ