08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Деми Мур мисли дека не е сакана

Деми Мур мисли дека не е саканаПрекрасната холивудска дива Деми Мур реши целосно да се посвети на својата работа во обид да заборави на љубовните маки во кои се најде во последно време.Во интервју за последниот борј на магазинот Харперс Базар, Мур вели дека стравува оти не е сакана и признава дека стравувала дека ќе биде напуштена откако нејзиниот сопруг Ештон Качер ја изневери.


Актерот Џејмс Франко кој се прослави со серијата Freaks and Geeks, а позначајни му се и појавувањата во трите дела на Spiderman, сега ќе издава и книга со наслов Actors Anonymus. Ова сепак не е прва книга за овој млад и надежен актер. Неговото првенче е збирката песни со наслов Palo Alto, наречена според неговиот роден град.


Британската филмска академија ќе му оддаде почест на Мартин Скорсезе поради неговиот исклучителен и посебен придонес во филмската уметност. Британската Академија на Филмски и Телевизиски Уметности, во средата објави соопштение во кое се вели дека Скорсезе ќе го добие највисокото признание на БАФТА - Academy Fellowship - на церемонијата која ќе се одржи наредниот месец.Претседателот на Академијата Тим Кори изјави дека режисерот на Taxi Driver, Raging Bull и Hugo претставува инспирација за сите помлади режисери низ целиот свет.


Претседателот на Франција Николас Саркози го предизвика гневот на јавноста со одлуката да ја одликува со Орденот на Легијата на честа, највисокото признание во Франција, на холивудската актерка и секс симбол Салма Хаек. Хаек е сопруга на Франсоа-Анри Пинот, еден од блиските пријатели на Саркози и син на Франсоа Пинот, човек кој исто така ќе добие Орден од претседателот на Франција.Актерката ќе биде прогласена за витез на Легијата на честа, за службата на Република Франција.


Сандра Булок и Џорџ Клуни се појавуваат без шминка во филмот Gravity кој треба да се појави во кината на 21 ноември.Актерката открила дека го снимала филмот без шминка и изјавила дека е загрижена што ќе се појави во првиот 3D филм на Алфонсо Куарон, бидејќи ќе бидат прикажани и најситните детали од нивните лица.


Филмот World war Z, во кој главната улога ја игра Бред Пит, ќе биде трилогија, најавуваат од Paramount pictures. Бред открил дека режисерот Марк Фостер, планира својата приказна да ја претвори во приказна за зомби, која во кино салите доаѓа на 21 декември, годинава. Станува збор, за истоимениот роман на Макс Брукс, кој пишува за службеник во Обединетите нации кој се обидува да го спречи ширењето на зомби во светот.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани