08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Џастин Тимберлејк ќе го игра Елтон Џон

Џастин Тимберлејк ќе го игра Елтон ЏонПодготовките за почеток на снимањето на биографскиот филм за Елтон Џон се веќе во завршна фаза и се чека уште да се изберат актерите и човекот кој ќе го режира филмот. Џастин Тимберлејк е прв избор на славниот пејач за главната улога. Филмот Rocketman ќе ја обработува приказната за животот и делото на Елтон Џон, а веќе се подготвува со полна пареа, потврди пејачот за LA Times. Сценариото е на Ли Хол, авторот на приказната за Billy Elliott.


На 89-годишна возраст во неделата починал Боб Андерсон, британскиот мечувалец кој облечен во костимот на Дарт Вејдер ги глумеше сцените со мечување во филмскиот серијал Војна на ѕвездите. Информацијата ја соопштија од Британската академија за мечување. Андерсон како спортист ги бранеше боите на Британија на Олимписките игри во 1952 година.


После големиот успех на филмот Paranormal Activity 3 кој излезе во 2011 година, студиото Paramount Pictures планира уште едно продолжение во 2012 година. На 2 јануари на прес конференција студиото изјави дека оваа година ќе го објави  Paranormal Activity 4 заедно со неколку други потенцијално големи филмови.Други детали околу филмот не се познати, како и тоа дали ќе се вратат Хенри Џуст и Ариел Шулман повторно како режисери.


Деми Мур потпишала за улога во претстојниот автобиографски филм Lovelace. Таа ќе ја глуми феминистичката активистка Глорија Стејнем. Филмот ќе биде базиран на биографијата на Ерик Денвиле,The Complete Linda Lovelace. Во филмот станува збор за Линда Бореман која стана легендарна порно ѕвезда поради порно филмот од 1972 година, Deep Throat, а потоа стана голем противник на порно индустријата.


Четвртото продолжение на Mission Impossible- Ghost Protocol и на почетокот на 2012 година остана на врвот од бокс- офисот во Северна Америка. Во третиот викенд на прикажување, четвртиот дел заработи 29 милиони долари. Конечната заработка за Ghost Protocol до сега изнесува вкупно 132 милиони долари. Втората позиција исто така остана непроменета од изминатата година. Второто продолжение на Sherlock Holmes- A Game Of Shadows заработи 21 милион долари во изминатиот викенд, а третото продолжение од Alvin And The Chipmunks се искачи за едно место и сега е на трето со 16 милиони долари во изминатиот викенд.


Годината што измина не останува запамтена како година во која се појавија исклучително успешни филмски дела. Благајните на киносалите најчесто ги полнеа спектакли и анимирани филмови, но критиката и публиката сепак се сложи околу неколку филмови и истите се окарактеризирани како најдобрите од 2011 година. Еден од најголемите режисери, Вуди Ален, во 2011 година направи филм кој никого не го остави рамнодушен. Филмот Midnight in Paris ја обедини и критиката и публиката кои имаа само пофални зборови за новиот Ален во своето најдобро издание.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани