08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Детали од снимањто на Хобит

Детали од снимањто на ХобитРежисерот Питер Џексон го објави последното продолжение од својот видео дневник кое ги содржи сцените од снимањето на филмот The Hobbit.Филмот, чиј почеток на снимањето беше одложуван неколку пати, ќе пристигне во кино салите следната година, а после трејлерот, режисерот одлучи да им покаже на обожавателите како всушност ја создал магијата. The Hobbit е снимен во Нов Зеланд, а славниот режисер во своите видео дневници објаснува како се вклопиле прекрасните предели во филмот, со какви проблеми се среќавала екипата, што се морале да поднесуваат глумците и статистите и како било изградено селото уште во 1999-та година за потребите на снимањето на филмот The Lord of the Rings.


Сара Џесика Паркер, Хајди Клум и Џенифер Анистон се славните ѕвезди кои најмногу можат да ги натераат луѓето да купат одредено списание. Трите ѕвезди како никој друг им ги зголемуваат приходите од продажбите на најпопуларните списанија.Сара Џесика Паркер се појави на насловните на Vogue, Elle и Marie Claire и со тоа придонесе секое издание со нејзиниот лик да има второ или трето место по продажби во изминатава година. Џенифер Анистон во јули им го донесе на Marie Claire најпродаваното издание во годината, а во ноември на Elle им помогна да имаат едно од најпродаваните изданија за 2011.


Фановите на стрипот, Спајдермен ги израдува трејлерот за новото остварување за срамежливиот Питер Паркер кој станува Човекот Пајак и го спасува светот, а него го глуми Ендру Гарфилд.Новиот филм во кината ќе биде прикажан на 3-ти јули 2012 година.Покрај Ендрју Гарфилд во филмот глуми и Мартин Шин, Сали Филд, Ема Стоун и Дени Лери.Покрај нив, во улогата на негативецот Лизард се појавува Рис Ифанс.


Култниот режисер Абел Ферара работи на филм инспириран од сексуалните скандали на политичарите како Штрос-Кан, Клинтон и Берлускони. Приказната е делумно инспирирана од наводното силување во кое беше вмешан првиот човек на ММФ, Доминик Штрос-Кан.Продуцентот Винсент Маравал изјави дека во филмот нема да се задржува строго на случајот со Кан, туку во него ќе бидат вклучени и многу други елементи од останатите политички скандали, па така и оној во кој учество земале Бил Клинтон и Силвио Берлускони. Проектот се уште е во рана фаза,а Ферара ќе биде косценарист на филмот, а околу тоа кои актери ќе се најдат во него, сега за сега се спомнуваат имињата на Жерар Депардје и Изабела Аџани.


Се појави трејлерот за филмот The Babymakers во кој главната улога ја има 31 годишната актерка Оливија Мун.Во филмот станува збор за еден маж кој откако не може да ја забремени својата жена, ќе се здружи со своите пријатели за да го украдат примерокот во банка за спрема кој го оставил пред неколку години.Во филмот учествува и Пол Шнајдер, а во кината ќе се појави во 2013 година.


Кога човечките сили ќе го откријат постоењето на Вампирите, ќе почне војна помеѓу двата вида. Вампирката Селена е таа што ќе ја води битката помеѓу човечкиот вид.Сега се појави и официјалниот трејлер и новите фотографии за филмот Underworld: Awakening со Кејт Бекинсејл во главната улога.38 годишната Британска актерка ја репризира својата улога како вампирката Селена во четвртиот филм од популарната франшиза.Во Underworld: Awakening освен Бекинсејл учествуваат Мајкл Или и Индиа Исли, а ќе се појави во кината на 20 јануари, 2012 година.


Сити радио ви препорачува да го погледнете We Bought a Zoo со Matt Damon, во главната улога.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани