08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Алан Тејлор ќе го режира Thor 2

Алан Тејлор ќе го режира Thor 2Откако го изгубија режисерот Пети Џенкинс поради креативните разлики, студиото Marvel најде замена за нивното продолжение Thor 2,и тоа ќе биде Алан Тејлор. Алан е режисерот кој режираше многу серии за HBO, како Game of Thrones, Boardwalk Empire и The Sopranos за која доби и Еми.Филмот Thor 2 ќе се појави на претходно закажаната дата, 15 ноември, 2012 година, а сценариото ќе го презапише Дон Пејн.


Холивудскиот актер Џереми Ренер, кој заедно со Том Круз глуми во филмот Mission Impossible: Ghost Protocol, открива како се чувствувал за време на снимањето, но, открива и некои необични работи за славниот актер. Една од најголемите холивудски ѕвезди, Том Круз, според зборовите на Ренер, има многу необична навика која ја практикува по завршување на снимањето. Всушност, за да се опушти по напорната работа, тој на крајот од секој работен ден влегува во када со ледена вода.


Дениел Крег, ѕвездата на новите продолженија на филмовите за агентот 007, Џејмс Бонд, чиј нов филм Girl With the Dragon Tattoo штотуку започна да се прикажува по кино салите, изјави дека ги мрази политочарите. Во најновото интервју за магазинот Men's Journal, Крег не ги штедеше политичарите, пишува Huffington Post.


The Woman In Black е новиот филм во кој глуми ѕвездата од серијалот филмови за Хари Потер, Даниел Редклиф. Филмските критичари не се баш благонаклонети кон овој филм и велат дека делумно ќе биде запазен само поради тоа што во него глуми популарниот Редклиф, кој веќе одамна се обидува да се ослободи од имиџот на симпатично дете, каков што беше во Хари Потер.


Во понеделникот на интернет се прошири приказната дека врколакот Тејлор Лаутнер, од Самрак сагата е хомосексуалец. Имено, била објавена лажна насловна страница на магазинот People. Покрај големата фотографија на ѕвездата на Самрак Сага стоеше натписот Out & Proud како и тоа дека тој уморен од гласините, конечно сакал да признае дека е хомосексуалец. Набрзо потоа, магазинот People објави дека се работи за потполно лажна насловна страница.


Колин Фарел овој Божиќ го поминал со болните дечиња во една болница во Даблин, Ирска. Актерот ги изненадил сите со ненајавената посета во болницата Our Lady's Children's и однел 100 подароци за болните деца и измамил насмевка на нивните лица.Ниту медиумите ниту папараците не биле известени за посетата на Колин, дури ниту неговиот претставник не знаел ништо. За среќа, роднините на некои од дечињата на Твитер ја споделиле возбудата поради посетата на 35 годишниот актер.


Сити радио ви препорачува да го погледнете The Darkest Hour со Olivia Thirlby во главната улога.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани