08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Излезе трејлерот на Snow White and the Huntsman

Излезе трејлерот на Snow White and the HuntsmanСе појави трејлерот за филмот Snow White and the Huntsman за кој многу се зборува во последно време.Во главните улоги се три големи Холивудски таленти- актерката од Twilight, Кристен Стјуарт, згодниот актер од Thor, Крис Хемсврот и убавата Шарлиз Терон. Филмот е во режија на Руперт Сандерс, а во кината ќе се појави на 1 јуни, 2012 година.


Овој викенд, Mission Impossible: Ghost Protocol беше прв избор за филм на најмногу луѓе на северноамериканскиот континент, искачувајќи се на првото место по гледаност. Тој го надмина и Sherlock Holmes и Alvin and the Chipmunks кои се најдоа на второто, односно третото место. Невозможната мисија да се искачи на бокс офисот, оваа недела стана возможна за четвртото продолжение на Mission Impossible со Том Круз, заработувајќи 26,5 милиони долари.


Ворнер Брос ја заработија и третата тужба за Hangover 2, овој пат од модната куќа Луј Витон, заради торби кои глумат Луј Витон. Во спорната сцена, снимена на аеродром, ликот на актерот Зак Галифианакис пренесува неколку големи торби и куфери. Кога Ед Хелмс поместува една од нив, Галифианакис во паника му вели:
- Внимавај! Тоа е Луј Витон!А, всушност чантите кои Ворнер Брос ги искористил во филмот, биле произведени од компанијата Диофи, која Луј Витон ја тужеше за фалсификат.


Холивудскиот актер Роберт Де Ниро и неговата сопруга Грејс Хајтауер станаа горди родители на девојченце кое на свет го донесе сурогат мајка, потврди портпаролот на актерот. Ова е второто дете на 68-годишниот Де Ниро и неговата 56-годишна сопруга Хајтауер. Девојченцето го доби името Хелен Грејс Хајтауер Дениро.Двојката се венчаше во 1997 година, а го имаат синот Елиот кого го добија во 1998 година.


Актерката Анџелина Џоли откри дека работи на сценариото на филмот за Авганистан, но призна дека се уште ја нема потребната доверба да го сними. Ѕвездата неодамна застана зад камерата за да сними го филмот Во земја на крв и мед, кој беше нејзиниот режисерско деби. Филмот ја раскажува љубовта на српски војник и обична Бошњачка. Продукцијата беше номинирана за „Златен глобус" и веќе ја освои наградата на продуцентскиот еснаф. Сепак Џоли не брза да продолжи со следниот проект, чие сценарио е половина подготвено.


Излезе трејлерот за четвртото продолжение на Ледено доба: поместување на континентот. Овој дел на овој навистина смешен анимиран филм, во кино салите пристигнува во јуни 2012 година. Во него Мени, Диего и Сид , буквално влегуваат во нова авантура. Нивниот континент е поместен и тие користат санта лед како превозно средство. По пат сретнуваат разни морски суштества и се впуштаат во борба против нив.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани