
Славниот Индијана Џонс потпиша договор за појавување во адаптацијата на научно фантастичниот роман на Орсон Скот Кард, Ender's Game. Покрај него, во филмот ќе се појави и младата актерка Абигејл Бреслин. Ender's Game ќе биде научно фантастичен филм во кој Земјата ќе биде нападната од вонземјани што личат на инсекти, наречени Формикс. Приказната го следи младиот гениј, Ендер Вигин кој е регрутиран во воено училиште за да научи да се бори против вонземјаните. Харисон Форд ќе го глуми полковникот Хајрам Граф кој го води борбеното училиште, каде е запишан Ендер.
Најбарана и најпопуларна ѕвезда за 2011 година на најпозната филмска веб-страна iMDbе оскаровката Натали Портман.Актерката оваа година за филмот Black swan освои Оскар, а многу забележани и беа и улогите во филмовите Thor и Your Highness.Рејтингот кој актерката го оствари во 2011 година допринесе за на втората позиција да се најде актерката Мила Кунис, пишуваат Британските медиуми.
Се чини дека Чарли Шин и неговата поранешна жена Денис Ричард станаа големи пријатели, па дури заминале заедно со нивните деца на одмор за време на празниците и објавиле фотографии од нивното уживање на неименуваната тропска локација.
-Што е подобро од модерен семеен одмор? Обожавам да го поминувам зимскиот одмор со Денис и моите деца. - напишал Шин на својот профил на WhoSay.
Џејмс Франко ќе го искуси животот на основачот на Плејбој, Хју Хефнер. На актерот му било понудено да игра во филмот посветен на првата порно-актерка Линди Лавлејс. Франко, се разбира, со воодушевување прифатил да биде дел од филмот, не за друго туку затоа што му било предложено да го глуми најпознатиот плејбој во светот во младите луди години. Извор близок на актерот открил дека откако Џејмс слушнал за овој проект, копнеел да биде дел од него, но не очекувал дека ќе има толку голема улога.
Се појави трејлерот за драмата Bel Ami во режија на Деклан Донелан и Ник Ормерод, а во кината ќе се појави наредната година.Во претстојната драма 25 годишниот Роберт Патинсон глуми млад човек по име Жорж Дурој, кој стекнува моќ во Париз преку манипулирање на највлијателните и најбогати жени во Градот на светлината.
Класикот од 1981 година Гневот на Титаните, на студиото Warner Bros, не се прослави многу со критиките, но сепак заработи 500 милиони долари. Сега излезе трејлерот на новата верзија од овој филм. Продолжението е во режија на Џонатан Либсман, а своите улоги ги репризираат Сем Вортингтон, Ралф Фајнс и Лијам Нисон.
Сити радио ви препорачува да го пгледнете In the Land of Blood and Honey со Rade Serbedzija во главната улога.
КОМЕНТАРИ