08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Книга со говори за Оскарите

Книга со говори за ОскаритеМерил Стрип добро се подготвувала за секое доделување на оскарите кога била номинирана, а тоа се случило дури 16 пати. Актерката добила два „оскара“ - во 1979 година за најдобра споредна улога во Крамер против Крамер и во 1982 година за Изборот на Софија. Тогаш одржала однапред напишани говори, а говори пишувала и за другите 14 номинации. Мерил вели дека еден ден ќе ги објави во книга.
- Секогаш кога седам на доделувањето на оскарите имам подготвен говор. Досега имам 14, кои никогаш не сум ги одржала. Навистина се добри! Еден ден ќе ги објавам во книга - рекла актерката, која во својот нов филм ја глуми челичната леди, Маргарет Тачер.


Актерката Дебра Месинг, ѕвезда на мегапопуларниот хумористичен серијал Вил и Грејс, се разведува по 10 години брак од продуцентот Даниел Зелман, со кого има син Роман.
- Одлуката да го прекинат заедничкото живеење беше добро промислена од двете страни и двојката ќе остане во добри односи поради синот кој и двајцата безгранично го сакаат -  вели заедничкиот портпарол за УС викли.


Професорот Хозе Анхел Сантана од универзитетот Колумбија во Њујорк тврди дека добил отказ поради лошите оценки што му ги доделил на Џејмс Франко. Глумецот ги пропуштил речиси сите предавања од часовите по режија, а професорот го испратил на поправен. Франко наводно, присуствувал на само две од 14 предавања.


Американскиот глумец Вин Дизел ги потврди информациите за снимањето на шестото и седмото продолжение од филмот Fast and Furious. Всушност, шестиот филм ќе биде поделен на два дела.
- Успехот на петиот дел, вклучувајќи го големиот број на ликови и проширувањето на приказната, не ни остави можност да направиме само еден филм.


Мајката на актерката која почина пред две години покренала тужба против градителите на нејзината зграда.  Британи Марфи починала под неразјаснети околности на 20 декември 2009 година, а како официјално објаснување за смртта е наведено труењето со лекови и силно воспаление на белите дробови. По неколку месеци починал и нејзиниот маж, Сајмон Мондџек, исто така под неразјаснети околности.


Актерот Том Круз се појави во Њујорк на промовирањето на својот нов филм Невозможна Мисија – Дух протокол, и секој што беше присутен беше изненаден од неговиот младешки изглед.Без брчки на челото Круз навистина изгледа помладо.Покрај тоа, дури и неговите заби се побели од порано, па затоа не е тешко да се заклучи дека Круз навистина се грижи за себе и за својот изглед. Во последно време, се почесто се слушаат гласините дека Круз ја користи козметиката на неговата сопруга Кејти Холмс.

Сити радио ви препорачува да го погледнете The Adventures of Tintin: The Secret of the Unicorn со - Andy Serkis во главната улога.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани