08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Деми Мур отишла во центар за рехабилитација

Деми Мур отишла во центар за рехабилитацијаХоливудската ѕвезда конечно побарала помош во справувањето со проблемите, по барање на нејзините три ќерки. 49-годишната актерка, која минатата недела беше итно префрлена во болница, е наводно „под клуч“ во Сирк лоџ, центар за рехабилитација на богатите и славните во Санденс, Јута. Таму таа ќе биде под третман за „нарушено јадење и проблеми со зависност“.Како што јавува весникот Ентертејнмент: „Таа е целосно под клуч и само неколку одбрани луѓе имаат пристап до неа“.


Скарлет Јохансон на 47-то доделување на „Златната камера“ во Берлин ја освои титулата најдобра глумица во меѓународна конкуренција. Оваа награда секоја година се доделува на најзаслужните уметници од подрачјето на телевизијата, филмот и забавата. Скарлет Јохансон која во последно време го помовира својот нов филм „We Bought a Zoo“, ја доби наградата за најдобра странска актерка. Покрај Јохансон, во германската престолнина триумфираа и други американски ѕвезди: Дензел Вашингтон е прогласен за најдобар меѓународен актер, а Морган Фримен ја доби наградата за животно дело.


Некогашниот холивудски заводник и актер, Ben Gazzara почина во својот дом на Менхетен по долго и тешко боледување, известуваат американските медиуми.Познатиот американски актер Ben Gazzara, почина завчера во 81 година од животот во својот дом во Менхетен. Големиот холивудски заводник боледуваше од рак на панкреасот. И покрај болеста, беше активен и снимаше до самиот крај. Една од неговите најдобри улоги е во филмот на неговиот драг пријател John Cassavet, Boodline од 1979 г.


Авантурата Chronicle го освои американскиот бокс офис со одлична заработка, која речиси никој не ја очекуваше поради Супер Бол викендот во САД. Chronicle со заработени 22 милиони долари, за малку го победи The Woman in Black, прв филм на Даниел Ретклиф по серијалот за Хари Потер, кој заработи 21 милион долари. Далеку на трето место остана Сивиот со 9.5 милиони долари.


Холивудската ѕвезда вели дека не е среќна поради тоа и ги отфрла обвинувањата дека страда од анорексија.
-Луѓето постојано ми зборуваат, но јас отсекогаш бев многу слаба. Ни мене тоа не ми се допаѓа. Кога би можела до утре да ставам седум килограми, би била пресреќна. Особено кога килограмите ќе отидат на вистинските места – вели Анџелина, и додава дека всушност е голем обожавател на храна:
-Се шегувам кога велам дека тајната на мојата убавина е во голем сочен стек. Сериозно, многу сакам црвено месо. Долго време бев веган и тоа речиси ме уби!


Анимираниот филм Rango освои најмногу признанија на годинешното доделување на Annie наградите во Лос Анџелес. Остварувањето на Гор Вербински за авантурите на камелеонот Ранго е прогласен за најдобар анимиран филм во минатата година. Покрај тоа филмот освои и уште три награди за најдобро сценарио, најдобра монтажа и најдобар дизајн на јунак.Rango исто така е номиниран и за награда од Американската филмска академија, односно е конкурент за Оскар за најдобар анимиран филм.Филмот Kung fu Panda освои награда за најдобра режија и најдобра сценографија, а Tintin на Спилбег ги освои наградите за најдобра музика и најдобри анимирани ефекти.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани