08:39 AM
пет, 18 мај
15° H:15, L:7

PORSCHE MAGIC CLUB со Марга и Џон Антонио Прати СМС на 070 14 55 00.

Џенифер Лопез, најславна меѓу славните

Исчезна Ник Стал

Почнува филмскиот фестивал во Кан

Скопје Гори на 26 јуни

Ештон Качер останува во Two and a half man


ФИЛМСКИ ВЕСТИ
Share |

Даниел Ретклиф не го сака Хари Потер

Даниел Ретклиф не го сака Хари ПотерАктерот Даниел Ретдклиф признал дека му е непријатно да ги гледа филмовите за Хари Потер. Иако милиони луѓе ширум светот го обожаваат токму поради улогата на малиот волшебник, актерот тврди дека не може да се гледа во таа улога.
- Кога би го гледал Хари Потер, мислам дека лицето толку би ми се згрчило, што на крајот би отпаднало - рекол младиот актер.


Актерот Раде Шербеџија повторно игра во високобуџетен проект и тоа со ултрапознатите холивудски актери Лијам Нисон и Фамке Јенсен. Пред да го снима Ослободувањето на Скопје во Македонија, Раде игра во Киднапирана, акција снимана според сценариото на Лик Бесон. Шербеџија го игра Албанецот Мурад, татко на момче кое го убил пензионираниот агент на ЦИА по киднапирањето на неговата ќерка. Поранешната сопруга на Нисон во филмот ја игра Јенсен, познатата Греј од серијалот Х-мен.


Николас Кејџ вчера си добил восочен двојник во музејот Гревин во Париз, Франција.Актерот бил среќен и воодушевено позирал со неговата восочна фигура и обожавателите за фотографии.Него наскоро ќе го видиме во филмот Ghost Rider: Spirit of Vengeance кој е продложение на филмот Ghost rider од 2007 година.


Трејлер за новата сезона на Game of Thrones. HBO серијата која е добитничка на Еми се враќа со втора сезона на телевизиските екрани во април, а трејлерот за Game of Thrones веќе е достапен за да го погледнете. Телевизиското шоу чиј жанр се дефинира како драма, авантура и фантазија се заснова врз популарната новела на Џорџ Мартин, A Song of Ice and Fire и доби огромна популарност ширум светот.


Синоќа во Лос Анџелес се одржа уште едно доделување на награди, овој пат за Screen Actors Guild Awards, кои се сметаат како најточни предвидувања за престижниот Оскар.На 18 доделување на овие награди повторно славеше актерската екипа на драмата The Help која се состои од Октавија Спенсер, Виола Дејвис и Ема Стоун и екипата на филмот Тhe artist.Францускиот актер Жан Дужарден повторно доби награда за филмот Тhe artist кој важи за еден од најголемите фаворити за Оскар со дури 10 номинации, a Виола Дејвис ја доби наградата за најдобра актерка во главна улога за филмот  The Help.


Актерот Леонардо ди Каприо вели дека би го играл Никола Тесла на филм. Фасциниран од животната приказна на српскиот научник, Ди Каприо посакува да игра во екранизацијата на овој лик.
- Навистина уживам во снимањето на автобиографски филмови, како што беше оној за Џеј Едгар, кој што туку го завршив. Има голем број личности, чии животни приказни треба да се раскажат на филм. Убеден сум дека многу нешта од животот на научникот Никола Тесла не се познати. Би било добро да се направи филм за неговите достигнувања. Би сакал да го играм доколку се екранизира неговата животна приказна - изјави актерот за српското издание на магазинот Глорија.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

CLUB FM Топ листи


    Copyright © Club FM RADIO 2011. Сите права се задржани