11.02.2011

Емисија посветена на најплодниот период во модерната музичка историја, кога клубовите се викале ДИСКОтеки! Во оваа емисија можете да слушнете се она што сте заборавиле дека некогаш и постоело во музиката, а врз основа на што се базира модерната музика! Помладите слушатели можат конечно да научат од каде потекнува хаус музиката, техно и електронските модерни звуци, а сето тоа да не го поврзуваат со почетокот на 90те години од минатиот век!
Во Happy Disco слушаме и одлични преработки на оригинални песни од периодот на диско ерата или пак од ерата кога музиката била секогаш иновативна, шизечка и сосема звучела ново! Имаме и дел посветен на еден артист/пејач/група, со три песни од истите! Потоа посветуваме и дел од оваа емисија на наша приказна, во која обработуваме дел од музичкиот свет кој е интересен за Happy Disco! Дали се работи за продуцентско име, издавачка куќа или некое феноменално издание, небитно! Во нашите приказни имате што да научите!
Секако, во Happy Disco шизиме со Олд Скул фанки звуци, кои на ниедна друга фреквенција ги нема! Во Happy Disco уживате со феноменален избор, вистинска шизенка во сабота навечер!
Термин на емитување 18-20 часот сабота и истиот термин реприза во недела.
КОМЕНТАРИ